Македонија
Трипуновски: За околу 30 отсто е намалена количината договорена за тековната реколта на тутун во Прилеп
За околу 30 проценти имаме намалена количина договорена за тековната реколта на тутун, што ќе значи еден сериозен проблем при бербата, односно пласманот, изјави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Прилеп.
„Знаеме дека околу 25 милиони од прилика се договараат секоја година во просек значи оваа година ќе имаме некој вишок од просек 5-6 милиони килограми тутун. Според нивната информација ова го прават сите компании, го намалуваат договореното за 30% затоа што, законот за тутунот дозволи во Македонија да се увезува тутун. Знаете дека и во минатата година кога се пласираше тутунот имаше проблеми во пласманот, имаше нереална проценка, па имаше големи количини кои што беа влезени во Македонија, затоа со наредните активности ќе ја превенирам оваа ситуација се со цел да не се повторат проблемите кои што ги имаше пред се во изминатава година“, истакна Трипуновски.
Тој денеска оствари средба со Сојузот и здруженијата на тутунари, на која станало збор за проблемите со кои се соочуваат.
„Неминовно беше да се отвори прашањето за криминалот кој што е направен во сојузот од претходното раководство и злоупотребата на сериозна сума на пари кои што беа практично поделени на роднинска основа, тутунарите останаа без средствата. Јас ги уверив дека за таа работа по промена на власта и кога практично судството ќе биде ослободено од политичките канџи на оваа власт, тој процес ќе се заврши и секоја одговорност која ќе биде нотирана ќе биде санкционирана, односно секој што се огрешил кон законите во Република Македонија ќе си одговара за постапките“, вели Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

