Македонија
Обновено детското игралиште во Козле
Направена е целосна реконструкција на детското игралиште во Козле, меѓу кулите на улица „Јуриј Гагарин“ (бр. 52 – 56).Поставени се нови реквизити за рекреација на најмладите, како и заштитна ограда, со што се доби уредена зона која младите ќе ја користат и во текот на летниот распуст.

Игралиштето е обновено по иницијатива на д-р Ѓорѓи Паскалов (педијатар), кој во овој реон има здравствена ординација, која ја посетуваат голем број на дечиња со своите родители, информираат од општина Карпош.
„Во неформален разговор со градоначалникот Стефан Богоев, докторот посочи дека реконструираното игралиште навистина ќе биде од корист на сите деца. Паскалов се заблагодари што општината одговори на барањето на повеќе граѓани кои живеат во овој дел на Карпош.Богоев ја поздрави иницијативноста на жителите и на д-р Паскалов. Ова претставува позитивен пример за успешно партнерство меѓу карпошани и локалната самоуправа.Примарната цел на општината е да развива вакви маалски зони за рекреација на граѓаните. Затоа, изминатиов период се фокусиравме на изведба на нови или реконструкција на постоечките детски игралишта во населбите, а се работи и на нови тревници и системи за наводнување“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

