Контакт

Македонија

(Видео) Шахпаска: Не е време за групирања и масовни прослави, да го спречиме ширењето на вирусот

Објавено пред

„Само со дисциплина и целосно почитување на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 можеме да го спречиме неговото ширење.Последните анализи и податоци покажуваат дека онаму каде што не се почитуваат мерките се зголемува бројот на заразените. Онаму каде граѓаните доследно се придржуваат до мерките за заштита драстично е намалено ширењето на вирусот.

dobivaj vesti na viber

Затоа, многу е важно сите до еден, без исклучок, да ги почитуваме мерките за заштита. Да носиме заштитна маска, марама или шал на лицето на отворено доколку не можеме да ја задржиме потребната дистанца и секогаш на затворено, да држиме физичка дистанца и да не се групираме, да ги миеме рацете почесто и да вршиме дезинфекција“, изјави Јагода Шахпаска, кандидатка за пратеничка на СДСМ од ИЕ 3.

Според неа, ова се мерките што се применуваат насекаде во светот, па и во Северна Македонија. Даваат резултати само ако доследно и правилно ги почитуваме.

„Решението за излез од оваа ситуација со коронавирусот лежи во сите нас.Имаме обврска да го заштитиме нашето здравје, здравјето на нашите најблиски, на повозрасните, на хронично болните.Сега не е време за никакви групирања, не е време за масовни прослави. Секој поголем собир, значи зголемен ризик за зараза и ново ширење на коронавирусот. Апелирам да се воздржиме од вакви групирања, за што побрзо да излеземе од оваа состојба.

Сега е време да се обединиме и да им помогнеме на здравствените работници со тоа што ќе ги почитуваме мерките за заштита и ќе дадеме директен придонес во намалувањето на заразата.Комисијата за заразни болести, сите здравствени работници, лекарите, медицинскиот персонал секојдневно водат макотрпна и беспоштедна битка за заштита на нашето здравје. Но, ние мораме да им помогнеме со тоа што ќе ги почитуваме нивните препораки.

Изминативе денови се покажа дека вирусот не бира по етничка или религиозна припадност, ниту пак според некоја друга припадност. Тој е тука и може да дојде кај секој од нас.Затоа, апелирам до сите граѓани. Да се обединиме и доследно да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот. Доколку нашите најблиски, нашите роднини, пријатели, соседи имаат некој сомнеж или симптом, веднаш да се обратат кај нивниот матичен лекар. Треба да сме свесни дека вирусот е тука, и сите мора да внимаваме со цел да се заштитиме себе си и сите околу нас. Само на тој начин, заеднички и обединети ќе се справиме со здравствената криза и ќе продолжиме по патот на развојот и просперитетот“, веи таа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Жените од бизнис-секторот го поканија Орце Ѓорѓиевски на ручек

Објавено пред

Актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода, претседател на ЗЕЛС и кандидат за прв човек на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски присуствувал на ручек со жени од бизнис-секторот.

dobivaj vesti na viber

Тој на Фејсбук објави дека на покана од мрежата „Јас сум жена“ денеска, заедно со неговата сопруга, бил на собир со жени претприемачи, универзитетски професорки, директорки , како што наведе:„силни, самостојни и успешни жени кои го движат Скопје и ја градат посилната Македонија“.

– Разговаравме искрено за предизвиците и за идеите што можат да го унапредат нашиот град. Едно е јасно – Скопје мора повторно да стане отворен град, град во кој комуникацијата со граѓаните и деловниот сектор ќе биде жива, достапна и продуктивна. Им благодарам од срце за силната поддршка која ми ја даваат, за инспирацијата и енергијата што ја носат, напиша Ѓорѓиевски на социјалната мрежа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шукова: Приоритет ќе биде имплементацијата на БРТ-системот, за што веќе постои проект

Објавено пред

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, истакна дека во рамки на нејзината програма, приоритет ќе има имплементацијата на БРТ-системот, за што веќе постојат готов проект, документација и обезбедени финансиски средства, се наведува во денешното соопштение на партијата.

dobivaj vesti na viber

– Првата БРТ-линија ќе се протега од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, во должина од 13 километри. Ќе има 21 нова постојка и околу 30 нови автобуси што ќе сообраќаат на секои 5 до 6 минути и ќе можат да превезуваат до 65.000 патници дневно, се наведува во писмената изјава на Шукова.

Таа додава дека линијата може да биде завршена до крајот на 2027 или почетокот на 2028 година, со што Скопје ќе добие модерен, еколошки и ефикасен систем на јавен превоз.

Паралелно со првата линија, како што се потенцира, ќе се изработува и ново решение за север-југ траса, со што ќе се поврзат сите делови на градот.

– Со двете линии ќе добиеме брз, чист и функционален јавен превоз. Предвидена е и набавка на нови еколошки автобуси, по можност на гас, како и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки, најавува Шукова, додавајќи дека овие активности се дел од планот за Скопје како зелен и модерен европски град.

Според Шукова, нејзината програма се издвојува по тоа што нуди реални и веднаш спроведливи решенија за клучните проблеми со што се соочува главниот град.

– Во програмата предвидуваме краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, затоа што на Скопје му е потребен континуитет и враќање на изгубените функции, истакнува Шукова.

Таа посочува дека меѓу брзите и реални мерки се бесплатните услуги за чистење оџаци за домаќинствата, со што ќе се намали загадувањето на воздухот.

– Граѓаните денес не добиваат соодветна услуга за она што го плаќаат, нема редовно собирање отпад, има проблеми со водоснабдувањето и канализацијата, а пречистителната станица доцни повеќе од две години. Заради неисполнување на обврските, државата веќе 15 месеци плаќа над 100 илјади евра месечно камати кон изведувачите, се додава во соопштението.

Шукова нагласува дека целта на нејзината програма е брзо враќање на функционалноста на системите и подобрување на услугите за граѓаните, за тие повторно да добијат ефикасен и современ градски сервис

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски за 11 Октомври: Поразително за целата држава е констатацијата на многумина дека системот во Југославија бил многу поорганизиран од сега

Објавено пред

Потребна е длабока мобилизација на сите структури во општеството за да направиме рестарт на системот којшто е трул и нефункционален, оптоварен со многу отстапки, неразумни компромиси, силувања и разочарувања. Не само мобилизација на политичките елити, туку длабока мобилизација на сите структури во општеството. Потребен е суштински дијалог со сите општествени фактори важни за државата, порача премиерот Христијан Мицкоски на централното чествување на Денот на народното востание – 11 Октомври.

dobivaj vesti na viber

Од Центарот за култура во Прилеп, премиерот порача дека е подготвен да го води тој процес и сите да се обединат околу платформа која нема да биде само политичка или економска, туку општествена за целите што сакаме да ги постигнеме како држава.

– Академската средина се подели на „про наши“ и „про нивни“, додека МАНУ секогаш за сите прашања е поттурнувана на страна, и се водат чудни полемики за проценти на застапеност, за тоа кој бил, а кој не бил академик, наместо за проценти на искористеност на нивните знаења и искуства. Има многу прашања за кои не се прашани, но и тие некако автоцензурирачки и задоцнето реагираат. Имам чувство дека престана да се комуницира со младите кои си создадоа свој микросвет, поразличен од нашиот. Одиме заедно низ процесите, но различно зборуваме. Затоа е потребен дијалог. И кога ќе речам дијалог, најмалку мислам на она што најпрво ви поаѓа на ум – покана за лидерска средба со опозицијата, што завршува со сала за состаноци, заедничка фотографија, милион прашања, а малку одговори и изјави во кои се тркаме кој ќе биде помудриот. Овој пат говорам за суштински дијалог со сите општествени фактори важни за државата – академската средина, професорите, академиците, науката, младите, искусните и оние со енергија за движење напред. Подготвен сум да го поведам тој процес и да се обединиме околу платформа, не политичка или само економска, туку општествена, за целите што сакаме да ги постигнеме како држава и патот кон тие цели, рече Мицкоски.

Потсети дека во изминатите 30 години државата поминала низ тешки моменти како ембарга, транзиција, воен конфликт, вета, промена на името и дека секој од нив оставал трага врз колективната свест и меморија.

– Сакам да кажам дека никој од нас не е исклучен од свесноста за она што ѝ се случи на државата и сите овие работи ја уништуваа самодовербата и ја убиваа надежта. Многумина – тоа е причината поради која си заминаа и неповратно се иселија. Оправдано, но сепак поразително за целата држава е констатацијата на многумина дека системот во Југославија бил многу поорганизиран од сега. Не е тоа толку носталгија кон тој систем, нешто што било пред 30 и повеќе години, колку што е пред сè револт кон нефункционирањето на системот што се гради овие 30 години. А системот е трул и нефункционален, оптоварен со многу отстапки, неразумни компромиси, силувања, разочарувања. Затоа на граѓаните им се смачува од политика, од расправии за основните прашања. Затоа што премногу луѓе го заборавија моралот и вредностите што треба да бидат арматурата отпорна на сите потреси. И виновниците за сето ова имаат и име и презиме. И ги знаеме сите нивни репризи, фарси, нивните мотиви и нивните цели што не се исти со нашите. Не знаеме до кога ќе прават вака, но знаеме дека нема да дозволиме да успеат, дури и тогаш кога ќе подаруваат поклони на други држави, а и кога ќе добиваат поклони од други држави. Она што вистински го знам и го потпишувам е сознанието дека оваа генерација, оваа наша генерација, е последната шанса по која ќе нема поправен, нагласи Мицкоски.

Порача дека државата оди по вистинската патека и дека патот не е лесен, но е вистинскиот.

– И тој пат го градиме со срце, со вера и со љубов кон татковината. Секој чекор е за иднината на нашите деца, за младите што сакаат да останат, за Македонија што не се предава, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарата во Гостивар

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од...

Свет7 часа

Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот...

Македонија8 часа

Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да ја сочуваме визијата и храброста на оние што тргнаа во востанички марш

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи...

Македонија10 часа

Од утре гужви на границите со новиот систем за влези и излез, ги објавуваме сите детали за што сè треба да се подготват патниците

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален...

Македонија10 часа

Осомничениот раководител во РЕК доби затворски притвор, куќниот е укинат поради можност за бегство

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик...

Македонија19 часа

(Видео) Шукова: План и решенија за Гази Баба да стане мотор на развој на Скопје

„Оваа општина има огромен потенцијал. Но наместо да биде мотор на развојот, стана илустрација за стагнација“ – порача Каја Шукова...

Спорт19 часа

Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД,...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Мицкоски од уста не ме вади

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан...

Македонија21 час

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025...

Македонија23 часа

Разрешен директорот на Клиниката за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски

Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за...

Топ1 ден

Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од...

Македонија1 ден

Застреланиот лекар Шаини ја брани сопругата: Ги отфрлам тврдењата дека зад ова стои госпоѓата Арјета Ајдини

Застреланиот лекар Зекирија Шаини ги отфрли како неосновани и невистинити тврдењата дека неговата сопруга Арјета Ајдини е вмешана во вооружениот...

Македонија1 ден

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република...

Македонија1 ден

Поликлиника во Расадник со пари од унгарскиот кредит најавија Ѓорѓиевски и Стаменкоска-Трајкоска

По триесет години празни ветувања, поликлиниката во Расадник станува реалност, кажаа денес актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за...

Свет1 ден

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја...

Македонија1 ден

(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на...

Регион1 ден

Русија ѝ се заблагодарува на Србија за донацијата од речиси 6 милиони долари: „Посебна симболика“

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Србија обезбедила „финансиска хуманитарна помош во вредност од 472 милиони рубли (околу...

Македонија1 ден

Филипче вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски излегоа дека се вистинити. Фирмата Марковски која во период од 2...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди јужните Филипини, соопшти Филипинската сеизмолошка агенција, издавајќи предупредување за цунами кое беше...

Свет1 ден

(Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица. Украинската министерка за...