Македонија
Кривичен суд: Пресудата за убиството во Ново Лисиче е донесена врз основа на непристрасна постапка
Во однос на одредени реакции за пресудата на Основниот кривичен суд за убиството кое на 14 август 2019 година се случи во скопско Ново Лисиче, потребно е да ја запознаеме јавноста дека судот постапува врз основа на тежината на кривичното дело по обвинителен акт или обвинителен предлог добиен од Јавното обвинителствот за кривично дело квалифицирано од
надлежен обвинител.
Судот води непристрасна постапка во која доследно ги почитува правата на обвинетите, но и на оштетените, утврдува вина и одредува казна исклучиво врз основа на тежината на Кривичното дело за кое се терети обвинетиот, односно запретената казна за истиот.
За кривичното дело „Убиство во миг“ од член 125 од Кривичниот законик, законодавецот, а не судот, предвидел казна во траење од 1 до 5 години затвор. Со оглед да обвинетиот кој има 18 години и претходно не бил осудуван, Законот исто така утврдил олеснителни околоности кои судот мора да ги земе предвид, па токму затоа е одредена казна од 3 години
затовор.
Споредбата со друг предмет за кривичното дело „Насилство“ каде е изречена казна затвор во траење од 4 години е несоодветна бидејќи за тоа кривично дело, исто така законодавецот, а не судот, предвидел казна од 3 до 10 години. Со цел дел од граѓанте да не бидат доведени во заблуда околу надлежноста на судот и другите институции при решавањето на еден кривично – правен настан, како суд сме должни да ја запознаеме јавноста дека надлежни за квалификација на кривичните дела, според која квалификација се одредува казната – доколку се докаже вината, се МВР и Јавното обвинителсво, а не судот, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
На тригодишна затворска казна е осуден 18-годишниот скопјанец А.Т. кој беше обвинет за убиство на 17-годишниот Никола Христовски лани во скопската населба Ново Лисиче.
На социјалните мрежи деновиве се шири повик за протест против ваквата одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со само 𝟣𝟢𝟢 денари до нов автомобил!
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки.
Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. Возењето за нив значи сигурност и нова енергија, но и радост и возбуда. Првата добитничка на премија од „Титаниум“ доаѓа од Штип и го освои автомобилот Ford Kuga, а добитничка од Скопје доби Ford Focus како роденденски подарок. Токму ваквите моменти и доживувања ја претвораат играта во магија.
„Титаниум“ не е само инстант лоз – тој е симбол на надеж и верба во чуда. Секое гребење е потсетник дека животот може да донесе убави изненадувања тогаш кога најмалку ги очекуваме. Но и доказ дека треба да веруваме во нив.
„Титаниум“ може да биде и оригинален подарок за најблиските со ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Замислете, со еден мал знак на внимание може да донесете голема радост и незаборавни моменти на оние што најмногу ги сакате.
Секој лоз „Титаниум“ крие можност за убав пресврт, а можеби токму во вашите раце е следната добитна приказна. За само 100 денари може да ја почувствувате возбудата. Не дозволувајте среќата да помине покрај вас, таа е под прстите. Купете го „Титаниум“, изгребете и бидете следниот добитник.
ПР
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.

