Македонија
Филипче: Почитувањето на мерките е клучот во борбата со коронавирусот

Единствениот начин да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски е преку целосно придржување на мерките – задолжителна употреба на заштитна маска на лицето, физичка дистанца и често миење на рацете.
„Апелирам сите да ги почитуваме овие три правила за да можеме да ја надминеме оваа состојба, оваа здравствена криза предизвикана од Ковид-19. Почитувањето на мерките е клучот во борбата со коронавирусот. Само заеднички може да успееме во оваа битка и само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Од самите нас зависи. Да бидеме одговорни граѓани и да не се групираме“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
„При секое излегување надвор, да се придржуваме во мерките – растојание од два метра во затворени и отворени јавни простори. Да не се групираме повеќе од две лица, при што од група од двајца не се вбројуваат и деца под 14 години на тие лица. Задолжително е носење маска, марама, шал во сите затворени простори. Заштитна маска се носи и надвор кога не сме во можност да ја одржиме потребната дистанца од 2 метра“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Рашче има приведени поради пукање на свадба

Две лица беа приведени вчера во скопското село Рашче поради пукање на семејна веселба.
„Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба“, соопшти МВР.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на независноста на Обвинителството. Партијата го обвинува Коцевски дека ја претворил обвинителската функција во партиски сервис на СДСМ и ДУИ, со што, според нив, ја довел правдата во заложништво на политичките интереси.
Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека со негласањето на интерпелацијата во Собранието, СДСМ ја покажало својата поддршка за Коцевски како чувар на нивните функционери од кривична одговорност.
Партијата посочува дека довербата во обвинителот е падната под 2 проценти и дека тој, и покрај изгласаниот притисок и интерпелацијата, одбива да поднесе оставка.
Македонија
Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија е 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија ВО сила и ја ставија на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит.
Царинската и граничната заштита на САД (CBP) започна со собирање повеќе царини во 00:01 часот по источно време, по недели неизвесност околу конечниот процент на мерките на Трамп и забрзаните преговори со земјите од целиот свет кои сакаа да ги намалат.
Основен процент од 10 проценти претходно беше воведен за увоз од многу земји откако Трамп ги паузираше повисоките царини објавени на почетокот на април. Но, американскиот претседател оттогаш често ги менуваше своите планови, па затоа воведе повисоки стапки за некои земји.
Ова вклучува 50 проценти увоз од Бразил, 39 проценти од Швајцарија, 35 проценти од Канада, Србија, и 25 проценти од Индија. Во среда, тој објави дополнителна царина од 25 проценти за увозот на руски енергетски производи од Индија, која ќе стапи во сила за 20 дена.
Во пресрет на стартот на царините, Трамп зборуваше за милијарди долари што ќе се влеат во САД, главно од земји за кои тврди дека ги искористиле САД.
Осум големи трговски партнери кои сочинуваат 40 проценти од трговијата со САД постигнаа рамковни договори со Вашингтон, вклучувајќи ја Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја. Тие обезбедија основна каматна стапка од 15 проценти. Велика Британија се согласи на 10 проценти, а Виетнам, Индонезија и Филипините помеѓу 19 и 20 проценти. Стапката за Македонија, како што претходно беше објавено, изнесува 15 проценти.