Забава
Харисон Форд за малку ќе бил прегазен од автомобил
До 90-тите Харисон Форд веќе беше ѕвезда во три големи филмски франшизи.
Но, дури и тоа не можело да го заштити од нешто кое многу лесно можело да биде ужасна несреќа со автомобил.
Герет Ванг, актерот од „Ѕвездени патеки: Војаџер“, откри дека во 1994 година речиси го прегазил актерот од „Војна на ѕвездите“ на паркингот на филмско студио.
Говорејќи на својот нов подкаст „Делта Флаерс“ со колегата од „Ѕвездени патеки“ Роберт Данкан Мекнил, Ванг зборуваше за инцидентот кој за малку ќе направел да биде мразен од сите луѓе.

„Јас забрзував околу паркингот на „Парамаунт студиос“ рече тој. „Наидов на еден свиок, и наеднаш пред очи ми се појави човек во костум како оди меѓу два автомобили, па затоа удрив на сопирачките“.
„Кога се соочувате со несреќа, вашето срце чука илјада милји во минута? Ги затворив очите, и кога повторно погледнав пред мене стоеше човекот во костум, и тоа беше Харисон Форд!“
Се зачудив кога го видов Форд и си реков: „О боже! Јас за малку ќе го убиев Хан Соло!“
Ванг се пошегува дека ако не закочил силно и на време, „сите ќе го мразеле насекаде во светот!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Холивудска ѕвезда се породи и објави фотографија од болница: „Беше лудо возење“
Актерката Ванеса Хаџинс и нејзиниот сопруг, поранешниот играч на МЛБ, Кол Такер, добија уште едно дете.
Тие ја споделија добрата вест на Инстаграм во форма на фотографија од мајката и детето од нивниот болнички кревет.
„Па… успеав. Донесов уште едно бебе на свет! Породувањето е навистина неверојатно искуство. Голема почит до сите мајки. Неверојатно е што можат да направат нашите тела“, напиша Хаџинс покрај фотографијата, давајќи им до знаење на многумина дека таа и нејзиниот сопруг го добија своето второ дете.
Полот и името на нивното второ дете не се откриени, а претставниците на познатиот пар за медиумите не ја коментираа оваа добра вест.
Да потсетиме, Хаџинс и Такер станаа родители за прв пат во јули 2024 година. Тогаш добија син чие име сè уште не е познато.
Ванеса еднаш зборуваше за својата нова улога – улогата на мајка, и истакна дека мајчинството е најисцрпувачката работа на светот.
„Ми дозволи да забавам и да уживам во моментот. Лесно е секогаш да гледаш напред, но најважно е она што е пред тебе, сега“, рече таа.
Забава
(Видео) Лорен Санчез го покажа лицето и шокира многумина
Лорен Санчез неодамна присуствуваше на американската емисија „Добро утро, Америко“, а странските медиумски фотографи ја фотографираа пред студиото во Њујорк.
Иако сопругата на Џеф Безос се смета за дама што често прави грешки при изборот на модни парчиња, се чини дека овој пат побарала совет од стилист.
Имено, за оваа посебна пригода таа носеше монохроматско издание – црна облека надополнета со струкиран капут. Ова шик парче се карактеризира со едноставен крој, но и преголеми ракави.
Таа додаде и црвена кожена чанта во својот избор, како и длабоки црни чизми. Сепак, најголемо внимание привлече нејзиното лице, кое, како што може да се види, го „доработила“ за нејзиното појавување во американската емисија.
Филерите и ботоксот беа многу забележливи, а луѓето едвај ја препознаа…
Забава
(Видео) Мила Кунис и Ештон Качер имаат едно важно правило за родителството
Глумењето и родителството бараат строги правила за да функционираат заедно.
Актерката Мила Кунис неодамна зборуваше за клучно правило што нејзиниот сопруг, колегата актер Ештон Качер, и таа го следат заради децата, Вајат (11) и Димитри (8).
Кунис во разговор за „Екстра“ рече:
„Еш и јас никогаш не работиме истовремено. Ниеден од нас не работи кога децата се надвор од градот на училиште“.
Мила исто така рече дека снима филм еднаш годишно токму поради децата, но и затоа што има, како што вели, луксуз да го прави тоа.
@extra_tv Mila Kunis explains how she and Ashton Kutcher schedule work so one can always be with their kids. ❤️ #milakunis #ashtonkutcher ♬ original sound – ExtraTV
„Ако се снима во Лос Анџелес, мојот следен проект е снимање во Лос Анџелес во јануари, тогаш тоа ќе го правам. Потоа следниот проект е снимање во лето, во друга земја“.
Мила рече дека, и покрај тоа што таа и Качер продолжуваат да глумат, тие се трудат да им бидат достапни на своите деца.
Таа исто така истакна дека е среќна што може да избира филмски улоги.

