Македонија
Милошоски: Извештајот на „Фридом хаус“ е официјална потврда дека ЈО е под контрола на Заев
Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека извештајот на „Фридом хаус“ ја опишува ситуацијата во земјава како прилично алармантна, особено во делот на корупцијата и на политичкото влијание на власта врз клучните институции како што се судството и обвинителството.
„Преку извештајот на ‘Фридом хаус’ македонската јавност, за жал, посведочи дека денешниот развој на настаните во обвинителството е многу полош од претходните години. Политичкото мешање во работата на јавното обвинителство е еден од најголемите проблеми што Македонија го има за да се справи против борбата со криминалот и корупцијата.
Обвинителството на Јовевски и на Вилма сега и со меѓународен извештај се потврди дека е политичко обвинителство коешто спроведува селективна правда и селективни закони
Политичката монтажа за 27 април, прогонот на политички неистомисленици најчесто од опозицијата и многу невини луѓе во затвор, а многу осудени затвореници на слобода, како што е убиецот на Мартин Нешковски и други покажуваат дека политиката длабоко замешала прсти во судството, обвинителството и во установите што ги спроведуваат судските пресуди“, вели тој.
Според Милошоски, во изминативе 3 години ниту еден криминалец, особено ако е од редовите на власта, не одговараше, напротив тие станаа први другари со Заев и неговиот потесен круг.
„Oвој меѓународен документ на ‘Фридом хаус’ уште еднаш потврдува дека изминатите три години имаме монтирани случаи, дури и кога се одговора сетете се на градоначалниците Боро Малборо и Курто Дудуш и ќе ви стане јасно дека политиката е посилна од обвинителството и судовите. Ова е официјална потврда дека клучниот елемент што ја очекува Македонија при можните идни преговори со ЕУ, владеење на правото во Македонија е сериозно загрозен.
Дополнително корупцијата останува голем и сериозен проблем, особено неказнивоста по однос на корупцијата на високи владини функционери, многу медиуми, новинари, па и политички опоненти открија неколку крупни афера, но, за жал, за ниедна од нив немаме ниту обвинителска, ниту, пак, судска разрешница. Последен пример за поткуп и за предизборна корупција се пакетите коишто Заев и неговите најблиски соработници ги делат на сиромашни семејства нудејќи им пакет прехранбени продукти во замена за избирачки глас, што е одлика на Заев во Струмица, но, за жал, ја спроведува на територија на цела Република Македонија“, вели Милошоски.
На полето на економијата, според него, гледаме неуспеси од оваа влада се гледа и во извештајот на ‘Фридом хаус’ дека сивата економија е голем проблем, а и остава голем број работници коишто се ранливи и можат да бидат злоупотребени од страна на работодавачите, а да не можат да си ги остварат своите работнички права.
„Извештајот на ‘Фридом хаус’ не е поволен за Македонија и, за жал, е меѓународна потврда дека корупцијата и селективната правда и сивата економија се трите одлики на хибридниот режим на Зоран Заев. Со СДСМ, со Зоран Заев и Оливер Спасовски, за жал, тоа се нашите одлики како држава, на меѓународен план добиваме извештаи коишто значат пораз за стандардите на една НАТО-членка и на една земја која сака да биде кандидат и да преговара за членство во Европската Унија. Затоа сметаме дека е време на Зоран Заев, на Оливер Спасовски и на СДСМ да им се каже доста е, да се понуди добра политичка алтернатива и да се започне процесот на обнова и на економијата и на институциите, и на примената за законите во цела држава“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Голем број документи, а сè повеќе кршења на човековите права
По повод Меѓународниот ден на човековите права, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената седница на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Таа укажа дека 10 декември е симбол на современата култура на човекови права, без чие почитување нема правна држава, ниту демократија.
За неа, парадоксален е расчекорот меѓу огромниот број правни документи и институции, од една страна, и алармантниот пораст на конфликти, бегалци и нови форми на прекршување на правата како дигитално надгледување и алгоритамска дискриминација до климатски неправди што директно го засегаат правото на живот, здравје и достоинство, од друга.
Според неа, климатската криза и современите војни ја разголуваат ранливоста и неефикасноста на меѓународниот правен систем и поредок.
Таа истакна дека Меѓународниот ден на човековите права не треба да биде само ден за комеморација, туку момент на соочување со тешките прашања како:
‒ Дали нашите институции гарантираат правичност, еднаквост и достоинство или само ги опишуваат и набројуваат?
‒ Дали нашето судство има сила да каже „не“ кога политиката вели „да“?
‒ Дали медиумите имаат простор да истражуваат корупција без страв?
‒ Дали ранливите групи се видливи во нашите политики?
„Човековите права се секогаш резултат на постојана и секојдневна борба, на институционална храброст и на граѓанска свест и совест. Секоја генерација мора одново да ги освојува, брани и толкува низ призма на современите предизвици“, заклучи таа.
На Свечената седница се обратија и проф. д-р Сашо Георгиевски, декан на Правниот факултет и Олег Солдатов, раководител на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

