Контакт

Македонија

(Видео) Костадинов: Нема да успеат обидите за враќање на државата во времето на режим и изолација

Објавено пред

„Пред точно две години се затвори едно големо и клучно прашање за нашата држава. Храброста, визијата и државничките политики на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, доведоа до историско решение за отворање на иднината на нашата татковина, но пред сè на нашите сограѓани“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според него, денеска сме горда, 30. членка на НАТО, македонското знаме гордо се вее пред седиштето на алијансата заедно со најсилните демократски држави во светот.

„Договорот нè донесе и чекор поблиску до ЕУ. Во март 2020 ЕУ донесе позитивна одлука за започнување  преговори за членство на Република Северна Македонија. И додека Зоран Заев, СДСМ и Владата која ја предводи се поставија државнички и одговорно пред интересите на граѓаните, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правеа сè за да го спречат напредокот и интегративниот процес. Само на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречеше што државата конечно тргна напред и стави крај на темното минато, на режимот и изолацијата.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ почитувани граѓани го критикуваа Преспанскиот договор и не го признаваа новото уставното име. Но, за волја на вистината, истото тоа име не им пречеше кога нивни пратеници добиваа плати од Собрание на Република Северна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се закануваа дека ќе го поништат договорот и со тоа директно ќе го загрозат членството во НАТО и процесот за зачленувањето во ЕУ. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се покажа и на дело. Додека пред граѓаните велеа и тврдеа дека Договорот со Бугарија бил капитулантски, Мицкоски пред премиерот Борисов јавно кажа дека го поддржува, односно се изрази на бугарски дека дава „поткрепа“. Класично однесување на лицемерниот Христијан Мицкоски. Со силна поддршка од граѓаните на исправните политики на СДСМ, деструктивните обиди за блокирање и кочење на напредокот од страна на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја.  Нема да им успеат ниту обидите за враќање на државата назад во времињата на режим и изолации. СДСМ била отсекогаш и останува на страната на напредокот, додека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била на спротивната страна. На страната на режимот, на страната на криминалот, на страната на манипулациите. Токму затоа, почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули ќе биде убедливо поразен“, додаде тој.

Македонија

Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно

Објавено пред

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.

Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска дел од Карпош

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)

· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)

· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)

· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)

во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 минути

Што по падот на Покровск?

Додека Русија фокусира огромни сили врз Покровск во обид конечно да го освои рударскиот град во источна Украина, расте неизвесноста...

Регион14 минути

Хрватски навивачи нападнати со шипки во Црна Гора

Група хрватски навивачи вчера вечер беа нападнати на магистралниот пат Цетиње – Будва. Според неофицијални информации од Управата на црногорската...

Европа59 минути

(Видео) Пет млади лица загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска

Тројца млади мажи и две жени на возраст од дваесет години загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во округот Лаут, Ирска,...

Регион1 час

РТС: Пукано кон српски војници во близина на воена база

Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина...

Свет1 час

(Видео) Тројца убиени во нов американски воен напад врз брод за шверц на дрога

САД извршија уште еден напад врз брод за кој се тврди дека шверцува дрога во источниот Пацифик, при што загинаа...

Европа2 часа

Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина

Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца,...

Свет15 часа

Поларен вртлог носи „декември за паметење“

Поради невообичаено рано затоплување на стратосферата, на прагот е да почне значително нарушување на поларниот вртлог. Прогнозите покажуваат дека поларната...

Македонија17 часа

(Видео) Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ...

Топ17 часа

Со нож усмртил жена и телото го закопал во дворот – расчистено свирепо убиство во Штип, поднесена е кривична пријава против едно лице

СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради...

Македонија19 часа

(Видео) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

„Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“, одржана под нејзино...

Македонија20 часа

(Видео) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

„Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни...

Свет21 час

Украина зимава ќе увезува гас од Грција

Украина ќе увезува гас од Грција за да ги покрие потребите за време на зимата, изјави денеска украинскиот претседател Володимир...

Свет22 часа

(Фото) Блокирани руски воени возови: групата „Атеш“ изврши прецизни ракетни напади

Украинската герилска група „Атеш“ изврши саботажа на железничка пруга во Запорожската област, блокирајќи руските воени возови, кои потоа беа гаѓани...

Економија23 часа

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како...

Свет23 часа

(Видео) Масовни протести во Мексико Сити – повредени 120 лица

На антивладините протести што се одржаа во саботата во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се...

Европа23 часа

Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти

Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот...

Македонија2 дена

(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека

Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност. Маршот во организација на...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за...

Македонија2 дена

(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се...