Економија
Милевски: Реализираме важни проекти за развивање на економијата и руралниот туризам во Вардарскиот Регион
Изградбата на систем за водоснабдување во село Отовица, општина Велес, ќе го поттикне развојот на руралниот и транзитниот туризам во овој крај и ќе се овозможи современа и модерна комунална инфраструктура. Со тоа ќе се зајакнат националните и меѓународните стандарди за подобрување на квалитетот на водите и заштита на животната средина.
„Развивање на комуналната инфраструктура, преку изградба на водоснабдувачки систем од централниот систем за снабдување со вода во руралните средини ќе придонесе за развој на туризмот во руралните средини во село Отовица, општина Велес. Реализацијата на овој проект ќе чини 7.014,635 денари. Со самиот факт што Министерството за локална самоуправа направи анализа, дојдовме до заклучок дека преку проектот ќе се дојде до зголемување на економскиот раст на општина Велес, но и на целиот Вардарски Регион“, вели Горан Милевски, министер за локална самоуправа.
„Системот на водоснабдување на селото Отовица е многу значаен проект за жителите затоа што тие конечно ќе добијат квалитетна, здрава, безбедна и чиста вода за пиење затоа што системот ќе биде поврзан на градскиот водоснабдителен систем кој добива вода од хидросистемот Лисиче. Вкупната должина на системот е 2580 метри. Цевководот започнува во непосредна близина кај првата плажа, се води во почетокот од левата страна на регионалниот пат за Скопје, па потоа поминува двапати под патиштата, потоа ја поминува и железничката пруга кон Кочани и се води од десната страна на железничката пруга до постоечкиот резервоар“, изјави градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски.
Министерот на локална самоуправа, Милевски, градоначалникот на општина Градско, Бешовски, директорот на Вардарски Плански Регион, Андреев, како и директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Шапуриќ, денеска извршија увид на Центарот за откуп на земјоделски производи во општина Градско, кој изнесува 5.836,215 денари.
„Нашата земја е земјоделска и треба постојано да инвестираме во таа гранка. Преку центарот ќе имаме подобар организиран откуп и зголемен пласман на земјоделски производи, како и регионално поврзување на земјоделските производители. Ова е уште еден доказ дека Министерството за локална самоуправа силно се залага во унапредувањето на земјоделското производство во регионот, а со тоа ја јакнеме и економската моќ на земјоделците“, истакна Милевски.
„Општина Градско по 24 години добива откупен центар за земјоделски производи. Овој центар во Градско има регионално значење. Земјоделците од општина Градско и од соседните општини ќе имаат можност да ги изложат и да ги продаваат своите земјоделски производи“, додаде градоначалник Роберт Бешовски.
„Во изминативе три години Владата, како и сите другите институции даваат силна поддршка на македонското земјоделство. Македонското земјоделство е многу значајно за нашата целокупна економија, за нашиот извоз, за сериозен придонес во бруто-домашниот производ, а со тоа се вработуваат многу луѓе. Конкретно во Градско ќе има едно откупно место каде што земјоделците од Градско и околината, но и пошироко ќе може да ги носат своите производи, значи да имаат квалитетен пласман, да имаат добар откуп, добра цена со ниски транспортни трошоци така што нивниот труд да биде што повеќе бенефициран“, истакна Шапуриќ.
Според Милевски, создавањето услови за развој на руралниот туризам во општина Градско и економско зајакнување на општините и регионот е од особено значење.
„Исто така, да најавам дека започнуваме и со реконструкција на локален патен правец Улица 1 во село Подлес, општина Градско, за кои се издвоени средства во висина од 2.234,831 денари. Овој проект има за цел олеснет и безбеден пристап до населените места така и создавање предуслови за вложувања за изградба на сместувачки капацитети и создавање понуда за привлекување домашни и странски посетители“, додаде Милевски.
„Би сакал да изразам голема благодарност до владата и до министерството за локална самоуправа и бирото за рамномерен регионален развој кој што како никогаш до сега во изминатиот период од 3 години го поддржуваат рамномерниот регионален развој и развојот на сите општини во Вардарскиот Плански Регион. И при посетата на Кавадарци и при денешната посета на Велес, еве и Градско како нов раководител на Вардарскиот Плански Регион можам само да ветам дека со уште посилно темпо во наредниот период ќе продолжат напорите и од страна на Вардарскиот Регион во соработка со Министерството, Владата и општините за да ја зголемиме конкурентноста на сите општини во регионот, како и за подобрување на квалитетот на живот на локалните жители, но и за привлекување туристи и инвеститори“, истакна директоротИгор Андреев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading”
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.
„ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече Божиновска.
Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.
„ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.
На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.
Економија
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
· -30% помали трошоци до 31.10.2025.
· Инстант одобрување за само 10 минути.
· Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
(ПР)

