Соопштенија
Алијанса за Албанците бара печалбарите да влегуваат во државата без тест и мерка за изолација
Алијансата за Албанците бара печалбарите кои доаѓаат во државава да не треба да приложат PCR-тест и да не им се определува мерка за изолација.
„Неприфатливо е решението дека нашите граѓани кои сакат да се вратат во Северна Македонија како услов, мора да имаат PCR-тест, а уште помалку да се изолираат. Северна Македонија сега е, за жал, лидер во регионот во однос на бројот на заразени и мртви на милион жители, така што јавното здравство на нејзините граѓани не може да биде загрозено од нашите печалбари кои доаѓаат од земјите на ЕУ кои скоро ја победија битката со Ковид-19 и ги отворија границите за движење без никакви пречки“, велат од партијата.
Со ова однесување, додаваат од таму, земјата не ги почитува ниту правилата за добрососедство кон државите кои не бараат тестови за нашите граѓани.
„Итно бараме Владата на следниот состанок да ги отстрани активните мерки за граѓаните кои се враќаат во својата татковина, тестот за PCR и самата изолација од неколку причини, и тоа; Северна Македонија, како аспирант за ЕУ, мора да ги практикува истите практики на државите на ЕУ кои ги отворија своите граници без никакви ограничувања. Сведоци сме и на многу тенденции за злоупотреба на оваа состојба, но и оштетување на нашите граѓани кои мораат да платат стотици евра за нивните семејства за PCR-тестовите кои честопати не се ни точни“, велат од АА.
Итно бараме, додаваат од таму, Владата и Министерството за внатрешни работи да се однесуваат правилно со граѓаните кои доаѓаат од дијаспората, овозможувајќи слободно движење, без понатамошно вознемирување и одложувања на граничните премини.
„Бараме нашите печалбари, како граѓани на Република Македонија, да ги уживаат сите свои права и процесот на гласање на 15 јули. Секоја друга рестриктивна мерка, како изолацијата од две недели, може да се сфати како тенденција за нивно исклучување од процесот на гласање“, велат од партијата.
АА предлага како мерка со нивното влегување во земјава да се приложи само нивна адреса и телефонски број за контакт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Нептун со најголемиот Black Friday досега!
Нептун, најголемиот малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија, е подготвен да ги воодушеви своите клиенти со најголемите попусти досега за Black Friday!
До 02ри декември, посетителите ќе имаат можност да уживаат во: неверојатни попусти на широк асортиман производи, до 60 рати со haPPy инстант кредитот, ограничени количини за најдобрите понуди – затоа побрзајте!
“Black Friday е нашата шанса да ги наградиме нашите клиенти со цени кои не можат да се одбијат. Оваа година ветуваме уште поголема понуда и најдобра шопинг авантура. Не пропуштајте ја можноста да купите врвна техника и брендови по најдобри цени. Ајде во Нептун! и откријте зошто сме број еден избор на пазарот.” изјавија од Нептун. Посетете ги продавниците на Нептун или купувајте онлајн на www.neptun.mk.
Соопштенија
Центарот на Тиквешијата расте во модерен град: поглед кон Кавадарци низ илјада ARTEVO-прозорци
Новиот повеќенаменски комплекс во Кавадарци, LittleAmerika ветува висок комфор во домовите со високо енергетско ефикасни решенија, и со извонредна топлинска изолација благодарение на прозорците изработени од најновите профили на РЕХАУ Македонија, ARTEVO.
Ликот на Кавадарци полека, но сигурно се менува. Не само од естетски аспект како модерен европски град, туку и според изборот да се вградат градежни решенија чиј фокус е одржлива иднина, и иднината на новите генерации. Новиот повеќенаменски комплекс на вкупна површина од 35.000 м2 во новиот центар на Кавадарци, LittleAmerika почна да заличува на ветениот грандиозен објект чиј главен приоритет е највисоко ниво на енергетска ефикасност. Комфорни домови и пријатни деловни простории со можности за заштеда на енергија до 70 отсто, извонредна топлинска и звучна изолација кои обезбедуваат услови за удобност, квалитетно минато време, и мир за станарите и за вработените.
Довербата да се обезбедат најдобрите решенија за прозорци и врати достапни на македонскиот пазар, инвеститорот на објектот ја додели на Рехау Македонија, водечкиот премиум бренд за полимерни решенија, кои ќе вградат профили од најновиот прозорски систем, ARTEVO.
Можностите на ARTEVO се неограничени, објаснува Сашко Даев директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.
„Потрошувачите на македонскиот пазар препознаваат квалитет кој носи додадена вредност на инвестицијата. Едноставно на пазарот од секогаш сме имале понуда која исполнувала стандарди за квалитет и ја оправдувала инвестицијата. ARTEVO е најновиот прозорски систем на нашиот пазар, и веднаш стана препознатлив по карактеристиките кои овозможуваат енергетската ефикасност до совршеност, односно обезбедува извонредна топлинската и одлична звучна изолација. Со инвеститорот на LittleAmerika договоривме да се вградат профили за речиси 1.000 прозорци за комплексот кој е во изградба“, вели Сашко Даев директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.
Современиот станбено – деловен комплекс LAShoppingandliving ќе се состои од три станбени објекти и еден деловно-трговски објект, а ќе биде центарот на новото урбано живеење во градот и во регионот, но визија на инвеститорот е да привлече и туристи во најпознатиот македонски вински регион.
Со овој систем за архитектите веќе нема невозможно, затоа што е лесно прилагодлив за исполнување на нивните идеи и замисли. Односно, системот ARTEVOго користи иновативниот материјал со високи перформанси RAU-FIPRO X – компoзитен материјал зајакнат со стаклени влакна кој во потполност ги редефинира границите на она што е изводливо во поглед на големините на прозорците. Материјалот овозможува висина на прозорските елементи до плафон, односно висина на крилото до 2,80m.
Новиот комплекс ќе ја подигне свеста за комфор на повисоко ниво поради квалитетот на материјалите и удобноста на живеење која ќе ја креираат во новите станови.
Севкупниот простор со објектите е дизајниран да ги задоволи највисоките естетски и архитектонски критериуми преку примена на модерен архитектонски израз и современи материјали. Зградите ќе имаат деловни простории на приземјетo, а на останатите седум ката и поткровјата предвидени се двособни, трособни, четирисобни станови и дуплекси. Секоја зграда е опремена со паркинг на две нивоа, зеленило и заеднички простори. Невообичаено ќе изгледа и кровниот дел, или како што популарно го нарекуваме “rooftop”-от на секој од објектите ќе биде уреден како заеднички простор за дружење со зелена градина, базен, сауна и теретана, обезбедувајќи приватност на станарите. Во комплексот се вградува и најсoфистицираниот систем за греење и ладење што ќе придонесе за заштеда на електрична енергија приближно до 70%.
Како треба да изгледа комплекстот LittleAmerika и што се е предвидено да има можете да најдете на нивната страница – https://littleamerica.mk/
Инвеститор: Тиквеш Инвест Дооeл, Кавадарци
Архитектонско биро: Студио К2 Архитекти Доо Скопје, архитект: Крсте Петров, диа
ПР објава
Соопштенија
Нова категорија во образованието: Колеџот NU за средношколци почнува со уписи на првата генерација млади дизајнери, програмери и инфлуенсери
Успешна академска и професионална кариера и заработка за успешно завршен проект уште во средношколските денови се главните карактеристики на NU College – Првиот колеџ за средношколци во Македонија (NU Колеџ). NU е единствениот колеџ на кој средношколците стануваат претприемачи, дизајнери, програмери и инфлуенсери.
NU Колеџот за средношколци започнува со работа оваа есен, а во тек се уписите на првата генерација за која слободни се само 150 места.
NU Колеџот е дел од едукативно-технолошкиот центар „Бреинстер“ (Brainster) кој го прошири своето портфолио и ја преточи својата експертиза кон средношколците креирајќи нови и револуционерни програми кои ќе го надополнат образованието стекнато во средно училиште со релевантни вештини и практично искуство.
Практичните програми на NU Колеџот за средношколци траат шест месеци и претставуваат воншколска активност која содржи две интерактивни работилници секоја недела. Фокусирани се на истражување и откривање на потенцијалот и интересите на средношколците, што е неопходно за тие да бидат сигурни во понатамошниот избор на студии и кариера. Преку уникатниот практичен пристап „креирај, па учи“, средношколците ќе навлезат во еден нов свет на работа на реални проекти за вистински компании и ќе научат како да заработуваат уште во средно.
Доколку ова до сега изгледа привлечно, еве конкретно како секој средношколец може да дојде до посакуваната кариера. Секоја програма е осмислена за да ги поврзе младите со модерните технологии и релевантните вештини за пазарот на труд, поконкретно:
Веб програмирање x AI: За да им овозможи да создаваат модерни и функционални веб-апликации, да развијат бизнис вештини и со нив да ги претворат идеите во профитабилни проекти.
Графички дизајн x AI: За да научат да создаваат визуелно привлечни и професионални дизајни, од логоа и постери до целосни бренд идентитети за реални брендови.
Инфлуенсер маркетинг x AI: За да станат инфлуенсери и дигитални креатори штом научат како да создаваат дигитални содржини за реални брендови и продукти и како да заработуваат од нив.
Тимот од искусни ментори, експерти во својата област, ќе ги надмине традиционалните наставни методи и ќе го направи учењето интерактивно и инспиративно. Методологијата на учење е заснована на вештачка интелигенција (AI) и гарантира релевантност на стекнатите вештини и знаења на подолг рок.
„NU Колеџот го создадовме за да го редефинираме искуството што средношколците го имаат од формалниот систем на образование. Имаме акумулирано знаење, искуство и уникатна методологија на учење и токму затоа чувствуваме должност да го пренесеме тоа на младите и со тоа да го промениме нивниот начин на размислување кога ќе се спомене образование“, вели Петар Ниновски, основач на образовниот центар Бреинстер, а сега и на NU колеџот за средношколци.
Стекнатото практично искуство не е единствената предност на NU Колеџот, додава Ниновски. Програмите кои средношколците ќе ги изучуваат се на ниво и со фонд на часови на практичен предмет во високо образование, изработени по рамката на ЕКТС акредитација. Тимот на NU моментално работи на остварување соработки со врвни универзитети од соседството и од Европа, односно на обезбедување конкурентска предност при упис таму на средношколците кои ќе завршат успешно некоја од NU програмите.
„Програмите се засновани на 80% практична работа на реални проекти. Практичното искуство ќе развие претприемачки начин на размислување и ќе ги подготви средношколците за претстојниот академски и кариерен пат. Ние веруваме во учење преку работа и дека нашите средношколци можат многу повеќе и затоа на NU ќе научат да заработуваат преку својот труд, знаење, идеи и проекти“, појаснува Ниновски.
Програмите се достапни за учење од училница или online.
Сите заинтересирани средношколци можат да дознаат детали и да се пријават на листата на чекање преку официјалната веб-страница на NU колеџот nucollege.ai.
(ПР)