Македонија
Чулев разговараше со британската амбасадорка за справувањето со пандемијата и за претстојните избори
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска преку зум-апликацијата оствари работен состанок со британската амбасадорка Рејчел Галовеј. Фокус на средбата беше справувањето со пандемијата од Ковид-19 и подготовката за парламентарните избори кои следат. Во таа насока од страна на министерот Чулев бea потенцирани мерките и активностите кои ги преземаат полициските службеници за спроведување на одлуките донесени од страна на Владата, но и за обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.
„Двете страни заеднички се согласија дека парламентарните избори што следат треба да бидат фер и демократски, и во таа насока неопходно е институциите да ги преземат сите мерки, но и протоколот кој ќе биде изготвен од нивна страна да кореспорендира со здравствената состојба во која се наоѓа државата, а истовремено и да гарантира заштита на здравјето на граѓаните. Двете страни заклучија дека излезеноста на граѓаните на овие избори е важен фактор кој ќе ја гарантира нивната легитимност и легитимноста на владата која ќе треба да се формира по нивното завршување.
Министерот Чулев информираше дека Министерството за внатрешни работи веќе ги презема сите неопходни активности со кои ќе се гарантира безбедноста на избори, а во таа насока веќе е формиран оперативен штаб за нивно спроведување, а со кој раководи директорот на Бирото за јавна безбедност. На средбата стана збор и за прашањата поврзани со миграцијата, но и меѓусебната соработка кои двете страни ја имаат во изминатиот период на повеќе полиња, а на чие надоградување треба да се работи во периодо кој следува“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

