Македонија
Унијата на ЗМТАС: Сите медицински сестри што се префрлени треба да бидат платени под тие услови, а не од матичното работно место
Сите медицински сестри што се префрлени, надополнети, преструктуирани од едно на друго одделение, во други институции, во ковид-центрите… треба да бидат платени под тие услови, а не со лични доходи од матичното работно место, кое е на друг начин со коефициент изразено. Ова е нешто на што секојдневно треба да се води сметка бидејќи во овие исцрпувачки работни денови не треба вака да бидат дестимулирани медицинските сестри“, изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата на здруженијата на медицинските сестри предводена од здружението „За нас“.
„Херои сте кога ја добивате битката, но, за жал, ние сме соочени со наплив на пациенти. Кога не се почитуваат мерките, тоа е како да сте се здружиле со непријателот. Издржавме многу и во други времиња на немири, епидемии, сообраќајни незгоди и на крајот од сè бевме поголеми и посреќни бидејќи успевавме да се справиме. И сега се справуваме, но лавината сè поголема, времето се пролонгира и неизвесноста трае.
Мораме пред професионалниот предизвик да издржиме и да се спротивставиме на стравот, да им се поклониме на храброста и чувствителноста, кои нè красаг. Да бидеме во мислите со нашите колеги што се заразија и да се чуваме максимално бидејќи зависиме еден од друг“, изјави Бешлиовска.
Од Унијата велат дека сестрите треба да имаат бенефиции на деновите за одмор, на стажот, платени годишни одмори, финансиски награди, привилегирани систематски прегледи…
Почитувани медиуми, би сакале јавно да го објавиме ставот на сестринската професија во нашата земја во врска со панедмијата предизвикана од коронавирусот.
„Сестрите, островот на спасот, се премногу исцрпени. Тие се силни додека се сите на број, но бројот на заразени сè повеќе и повеќе расте. Во последен период со енормното зголемување на бројот на пациенти, зголемениот број на приеми, отворањето нови капацитети со истите носечки луѓе, ситуацијата ги премори и потребите за одмор и рехабилитација станаа неопходни.
Унијата на здруженијата на медицинските сестри не може да ги коментира деталите за менаџирањето на сестрите внатре во избраните институции, за тоа сепак треба да кажат одговорните лица. Но, затоа, пак, Унијата прави сондажа на потребите и на сè она што треба да следи за нашите колеги што се ангажирани директно: бенефиции на деновите за одмор, на стажот, платени годишни одмори, финансиски награди, привилегирани систематски прегледи…“, пишува во соопштението.
Унијата на ЗМСТАС апелира да се почитуваат дадените превентивни мерки, да се грижиме за себе, за нашето здравје и за здравјето на нашите најблиски.
„Драги сограѓани, само со заеднички сили можеме да го спречиме заминувањето без поздрав од овој свет“, велат од Унијата на ЗМСТАС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.
Македонија
Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање
Македонија
Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина.
Претставниците на двете организации ги изнесоа своите согледувања и препораки со посебен акцент на еколошката правда, превенцијата од еколошки штети, заштитата на природните ресурси и усогласувањето со европското право.

Според Сиљановска-Давкова заштитата на животната средина треба да биде клучен приоритет, а соработката меѓу институциите, граѓанските организации и стручната јавност е од суштинско значење за креирање одржливи и ефикасни политики. Таа укажа дека вклученоста на овие организации во креирањето на законските решенија треба да биде институционализирана, преку нивно учество во комисиските тела во Собранието и во Владата.
Именувањето на експертот од областа на метеорологијата и климатските промени, проф. д-р Спиридонов, за член на Советот за безбедност, е важен чекор кон интегрирање на научната експертиза во стратешкото одлучување. Ова, според претседателката, би им овозможило на невладините еколошки организации, со своите идеи и предлози да придонесат во работата на ова тело.
Соговорниците се согласија дека загрозувањето на животната средина е сериозен безбедносен ризик и закана за уставно загарантираното право на живот.

Тие ја нагласија потребата од користење на меѓународни искуства и унапредување на регионалната соработка во справувањето со реалните предизвици.
Претседателката и претставниците на МЗМП и ФЛОРОЗОН повикаа на континуирана едукација и поттикнување на младите во градењето партнерски однос со природата како неопходен предуслов за превенција на можни штети со несогледливи последици.

