Соопштенија
Македонски концепт нуди концепт за справување со отпадот во Македонија

Македонски концепт нуди концепт за справување со отпадот во Македонија и решение за моменталната ситуација од кој, велат од политичката платформа, бенефит ќе имаат сите, и граѓаните и државата.
„Проектот ‘ЈАВНИ РАБОТИ ЗА ЗЕМЈА БЕЗ ЃУБРЕ!’, предвидува симултано решавање на неколку горливи проблеми, и тоа решавање на проблемот со отпадот на сите страни, истовремено овозможувајќи им на сите лица можност за дополнителна заработка, намалувајќи ја сиромаштијата, а само чистата околина е реален предуслов за развој на туризмот и земјоделството“, велат од таму.
„Во ова решение директно се вклучуваат граѓаните како најпогодени од сегашното лошо управување со отпадот и за тоа ќе добиваат финансиски надомест. Секој што е во можност, а пред сè лицата во социјален ризик, секој што сака да го дополни семејниот буџет во слободно време, пензионери, планинари, ученици, ќе може со општествено-корисна и платена работа да придонесе за справување со енормниот проблем со несоодветното фрлање ѓубре во природата”, истакна Оливера Клинчарова, кандидат од Македонски концепт за избор на пратеници во ИЕ 1.
Покрај отпадот, додава таа, проектот „ЈАВНИ РАБОТИ ЗА ЗЕМЈА БЕЗ ЃУБРЕ” нуди решение за справување со сиромаштијата и за унапредување на капацитетите на локалниот туризам.
„Просечно секој граѓанин во Македонија годишно генерира меѓу 50 и 60 тони амбалажен отпад, што е некаде околу 100 илјади тони вкупно годишно. Потребен е систем и затоа нудиме сеопфатно решение на повеќе проблеми. Секој индивидуално може да помогне и притоа да има финансиски надомест за својот труд. Сите заедно може да ја смениме сегашната слика, да ја подигнеме свеста и да направиме промена. Време е да ја вратиме државата во свои раце и самите да се грижиме за неа, системот се покажа нефункционален, да направиме заедно да биде функционален”, потенцираше Клинчарова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Тоневски: Ќе изградиме регионален пат до ски-центарот Пониква и до детското одморалиште

Изградба на регионален пат до ски-центар Пониква и детско одморалиште е дел од изборната програма на Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Еден од моите приоритети е изградбата на регионален пат Пробиштип – ски-центар Пониква. Овој пат ќе значи директна врска со еден од најубавите планински центри на Осогово. Поттик за турзимот, нови работни места и развој на локалните бизниси. Дополнителна активност за младите. Со современи стандарди, заштита на природата и предвидена зимска проодност. Патот ќе ја отвори вратата кон нов економски и туристички циклус за целиот регион. Пониква е нашиот зимски бисер. Ќе изградиме детско одморалиште за настава во природа и организирање на летни и зимски кампови за нашите ученици“, рече Тоневски.
Соопштенија
Костовски: Нова енергетска фасада на ООУ „Св. Климент Охридски“

„Местото каде што го поминав најубавиот дел од мојот живот, основното училиште „Св. Климент Охридски“, добива нова фасада“, вели актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
„Овој проект е во вредност од 11 милиони денари. Образованието останува да биде мој врвен приоритет“, додава Костовски.
Соопштенија
Герасимовски најавува многубројни капитални проекти во Центар: Повторно имаме победничка програма

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски истакна дека Центар се развива како зелена и еколошки одговорна средина, со урбанизам што обезбедува повеќе зелени површини, безбедни пешачки и велосипедски зони и современи сообраќајни решенија.
Во програмата за втор мандат, тој најавува бројни капитални проекти со кои продолжува развојот на општината.
„Повторно имаме победничка програма која овозможува поквалитетен живот на сите генерации, децата, младите, возрасните и пензионерите. Отпочнуваме со изградба на нов дом за стари лица, нова градинка во близина на Клиничкиот центар, набавуваме две цистерни и пет метларки за поголема хигиена, го ограничуваме движењето на возилата во Дебар маало, поставуваме две монтажни катни гаражи, градиме нов административно-граѓански објект со подземен паркинг за 300 возила и градиме два нови покриени базени. Покрај овие капитални проекти, воведуваме и Центарска картичка со која центарци ќе имаат бројни поволности и попусти“, вели Герасимовски.
Герасимовски, порачува дека учениците од прво до четврто одделение добиваат бесплатен оброк, а учениците од петто до деветто одделение бесплатни екскурзии низ Македонија за да ги запознаат убавините, културата, историјата на татковината.
Тој, додава дека Центар добива и три слободни Free Wifi зони со што граѓаните, но и туристите ќе користат бесплатен интернет.
„Во недела да излеземе сите масовно и да го заокружиме бројот 5, затоа што само така Центар ќе продолжи да се развива, да живее чисто, зелено и европски. Само оваа опција нуди реални решенија, проекти што навистина се реализираат и грижа за секој граѓанин. Да покажеме дека сакаме Центар да оди напред, а не назад, затоа што иднината на нашата општина е во наши раце. Бројот 5 е глас за чисти улици, модерна и уредна општина“, порачува Герасимовски.