Забава
Џорџ Клуни го исмеја Доналд Трамп за изјавата во врска со 19 јуни
Актерот Џорџ Клуни саркастично оддаде почит за „херојските напори“ на претседателот Доналд Трамп алудирајќи на неговата изјава дека тој го направил 19 јуни познат со тоа што се обидел да го закаже својот прв пост-коронавирус митинг на тој датум.
Трамп првично најави продолжување на неговата претседателска кампња на датумот кога во САД се одбележува крајот на епохата на ропството, но го презакажа за следниот ден, откако предизвика бес.
Денот на еманципација на поробените луѓе од африканско потекло (познат како Џунтин) се одбележува на 19 јуни во 43 американски држави, но сеуште не е прогласен за федерален празник.
Трамп во интерјву за „Волстрит журнал“ објавено во средата рече: „Јас направив нешто добро: Јас го направив Џунтин многу познат“.
„Ви благодарам претседателе Трамп што го направивте денот на укинување на ропството познат,“ се пошегува Клуни во петокот во изјава за списанието „Пипл“.

„Слично како кога Бул Конер ги направи граѓанските права познати,“ додаде Клуни споредувајќи го Трамп со Конер, кој стана симбол на институционален расизам откако остро се спротивстави на Движењето за граѓански права во 1960-тите.
Оскаровецот воедно објави и дека донира 500.000 долари за добротворна организација за расна еднаквост.
„Мојата фамилија ќе донира 500.000 долари на Иницијативата за расна еднаквост во чест на вашите херојски напори“, рече Клуни обраќајќи му се на Трамп.
Клуни неодамна напиша моќен есеј во кој го обвини Трамп за поттикнување омраза и насилство и рече дека Бул Конор бил посуптилен кога станува збор за неговата политика.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кои хороскопски знаци се најстроги родители
Астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци во улогата на родители не отстапуваат од своите принципи и воспитуваат со дисциплина, јасни правила и високи очекувања.
Јарец
Јарците се симбол на дисциплина. Под влијание на Сатурн, воспитувањето го сфаќаат како сериозна животна мисија. Очекуваат ред, одговорност и исполнување на обврските без изговори. Иако делуваат строги, нивната љубов се изразува преку стабилност и учење на вредноста на трудот и упорноста.
Девица
Перфекционистите на зодијакот поставуваат високи стандарди. Домот им е организиран, а од децата се очекува дисциплина, добри навики и посветеност. Критиките не им се злонамерни – целта е детето да го достигне својот целосен потенцијал.
Лав
Лавовите имаат големи очекувања од своите деца и ги поттикнуваат да блескаат. Иако се топли и дарежливи, бараат почит и одговорност. Веруваат во исклучителноста на своите деца и ги туркаат напред за да успеат.
Овен
Како родени лидери, Овните ги воспитуваат децата да бидат храбри, самостојни и борбени. Не толерираат откажување и ги учат директно да се соочуваат со предизвиците.
Шкорпија
Интензивни и заштитнички настроени, Шкорпиите бараат искреност и емоционална сила. Веруваат дека карактерот се гради преку соочување со тешкотии, па воспитуваат психолошки издржливи личности.
Забава
Владо Георгиев со голем концерт во Скопје
По четири Белградски арени, Владо Георгиев со голем концерт во Скопје
Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје.
По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побаравувачката е голема, „Господски“ концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“.
„На македонската публиката ќе ѝ биде претставена Господска музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалната концертна изведба. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност на Владо ќе го направат овој концерт посебно искуство што ќе се памети долго време“, велат организаторите.
Влезниците се веќе достапни во продажба на ddtickets.rs.
Забава
Повеќе од пријатели, помалку од љубовен пар: пет хороскопски знаци се мајстори за врски без обврски
Ова е зоната каде што сте „повеќе од пријатели, но сè уште не сте пар“, каде што постои состанување, но „етикетата“ ја нема, а прашањето „каде води ова?“ изгледа како забранета мисла.
Ако често се наоѓате во такви „речиси врски“, можеби не е виновен само начинот на кој ги избирате партнерите, туку и вашиот знак.
Пет хороскопски знаци кои се кралеви на вакви врски:
1. Близнаци – мајстори за „нека оди се по својот тек“
Близнаците лесно се наоѓаат во врски без „етикета“. За нив, монотоната рутина и сериозните обврски се здодевни, додека „ситуацијата без обврски“ им носи ментална стимулација и забава. Сепак, тие постојано бараат нешто подобро зад аголот, па затоа нивната необврзаност служи како заштита од емоционален ризик.
2. Вага – кралици на балансирање и неодлучност
Вагата сака блискост, но избегнува конфликт. Поставувањето јасни граници или барањето ексклузивност им се чини како тежок разговор, па затоа претпочитаат да останат во „сивата зона“ отколку да уништат добро чувство. За нив, мирот и хармонијата се повредни од формалната врска.
3. Стрелец – слободата пред сè
Стрелците го гледаат зборот „приврзаност“ како затвор. Уживаат во излегувања, флертување и длабоки разговори, но кога нивниот партнер очекува планови за следната недела, тие исчезнуваат. Врските без обврски им овозможуваат да уживаат во придобивките од врската, а воедно да ја задржат апсолутната слобода – па дури и да купат билет за Бали без објаснување.
4. Риби – романса и „розова магла“
Рибите не ги доживуваат ваквите врски како привремени, туку во главата снимаат сцени од романтична приказна на Нетфликс каде што крајот е секогаш совршен. Се заљубуваат во потенцијалот, а не во реалноста, игнорирајќи ги црвените знамиња и останувајќи во „врската“ со надеж за чудо.
5. Водолија – Емоционално оддалечени визионери
На Водолијата и е сосема во ред да има „пријатели со бенефиции“. Тие тешко ги обработуваат длабоките чувства, па затоа лежерната ситуација им одговара совршено. Тие се плашат дека формалната врска би можела да ја загрози нивната слобода и индивидуалност, па затоа претпочитаат да кажат „се гледаме“ наместо „заедно сме“, дури и ако поминуваат ден и ноќ заедно.
Ваквите врски можат да бидат забавни и удобни, но секој знак има своја причина да остане во таа „сива зона“. Од Близнаци кои не сакаат етикети, до Рибите кои живеат во розова магла и Водолијата која ја чува својата слобода – астролошката перспектива дава добар увид во тоа зошто некои луѓе едноставно не се обврзуваат.

