Регион
(Видео) Силно невреме и град во Далмација
Во раните попладневни часови дојде до невреме и град во делови на Далмација.
Околу 13:30 часот, големо невреме со град го зафатил подрачјето на Каштел Штафилиќ и западниот дел на Каштели, а невремето постепено се шири кон областа на Сплит, каде што интензивно грми, пишува „Индекс“.
Сообраќајот низ Каштели бил скоро целосно запрен поради силниот град и дождот.
Дваесет минути подоцна, обилниот дожд проследен со грмежи стигнал до Сплит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Втор круг претседателски избори во Хрватска
Во Хрватска денеска се одржува вториот круг од претседателските избори.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Во трката се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската Социјалдемократската партија СДП и Драган Приморац, кого го кандидира владејачката Хрватската демократска заедница (ХДЗ).
Во првиот изборен круг, одржан на 29 декември, Милановиќ освои 49,1% од гласовите, додека за неговиот противкандидат Приморац гласаа 19,35% од гласачите.
Хрватските гласачи, околу 3,8 милиони, ќе гласаат на 6 755 избирачки места во земјата и во странство.
Предизборните анкети предвидуваат убедлива победа на актуелниот претседател, а се очекува и поголема излезеност.
Во првиот круг на гласање излегле 46,02 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список.
Регион
„Подрумите не смеат да се користат за туристички сместувања“ – Грција ги заострува правилата за издавање
Пратениците во Грција денеска почнаа да расправаат за предложениот закон со кој ќе се заострат правилата за краткорочно изнајмување на станови на туристи, вклучително и забрана за користење на пренаменети магацини и подруми без прозорци.
Реновираните магацини, подземните простори и поранешните индустриски капацитети ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување според предложените измени, пренесува АП.
„Подрумите повеќе нема да бидат дозволени за употреба: просторите за изнајмување мора да служат како примарни простори за живеење, со природна светлина, вентилација и климатизација“, рече министерката за туризам Олга Кефалојани.
Неколку опозициски пратеници ја обвинија централно-десничарската влада дека ги игнорира социјалните трошоци и оптоварувањето на ресурсите предизвикани од порастот на туризмот и повикаа на посеопфатни ограничувања на кириите.
„Дозволувате концентрација на краткорочни изнајмувања во области популарни кај туристите. Тоа драстично ги менува населбите и ги раселува постојаните жители“, изјави денеска во парламентот левичарската пратеничка Калиопи Вета.
Предлог-законот, кој исто така воведува подетални безбедносни и оперативни стандарди за изнајмување, се очекува да биде изгласан кон крајот на овој месец.
Пред една година Атина воведе забрана за нови регистрации за краткорочно изнајмување во популарните области како Колонаки, Кукаки и Егзархија, а прекршувањата се казнуваат со 20.000 евра.
Изнајмувањето за одмор помогна да се зајакне клучната туристичка индустрија во Грција, која сочинуваше 13 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2023 година, но исто така го зголеми притисокот врз трошоците за домаќинствата поради високите кирии, наведува агенцијата.
Владата во Атина рече дека промените имаат за цел да ги балансираат придобивките од туризмот со достапноста на становите и да понудат даночни олеснувања за сопствениците на имот кои се откажуваат од краткорочните изнајмувања. Грција очекува приходите од туризмот да достигнат рекордни 22 милијарди евра во 2025 година со проектирани 35 милиони туристи, според официјалните проценки.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.