Култура
Предавање на Светлана Слапшак на КРИК 05
Програмата на годинешното јубилејно издание на КРИК – фестивал за критичка култура продолжува утре (вторник, 23 јуни) со предавање на познатата Светлана Слапшак, насловено „Легитимизација на социјализмот: помеѓу коронавирусот, Маркс и Дионис Савопулос“.
Слапшак е една од водечките интелектуалки, теоретичарки на културата, феминистки и антрополози во регионот и во Европа. Најавувајќи го годинашното гостување на фестивалот, таа вели: „ о една песна од 80-тите години грчкиот пејач Савопулос вели: љубовта работи во корист на социјализам. Тоа е време на ПАСОК во Грција, околу десет златни години, пред партијата да ги изгуби своите идеи и јазик, и пред да западне во национализам. Врската помеѓу љубовта и политиката е стара (античка) појава која желбата, задоволството и демократијата ги става во центарот на политиката. За време на епидемијата на коронавирусот (што е веројатно само почеток на ерата на епидемиските култури), станува важно и се вградува во свеста на граѓаните сознанието од практиката, а не од идеологијата, дека еднаквоста се заснова на човечките потреби, а не на општествената положба.
Марксовиот клучен пресврт доживува ренесанса, што неолибералниот капитализам веднаш го забележува. Од една страна, прашањето за „потребата“ (обичното преживување, голиот живот, според Агамбен) е цинично одредено според правилата на „потребата“ (капитални бенефиции и 1%), на пример во европските геноцидни практики за укинување на можноста за болничко лекување на постарата популација, или во јавниот дискурс за „војната“ против вирусите и милитаризацијата на јавноста. Во војна, приоритетните акции и економијата на жртвите лесно се утврдуваат, еднаквоста се укинува, а потребите не се земаат предвид. Затоа, можно е, повеќето светски лидери да изјавуваат дека владината структура го „победила“ вирусот, а медицинските лица, кои според својата определба и струка се во првите редови на потенцијални жртви, да бидат политички манипулирани, запоставувани и цензурирани“.
Според Слапшак, одговорот добиен од практичното искуство, дека сите се еднакви и мораат да бидат третирани според потребите, кој се појавува во ризичната состојба на епидемијата, предизвикува отпор со кој не управува ниту една партија, а кој бара, произволно наоѓа и не се интимизира особено со некоја идеолоша структура, туку со принципите на еднаквоста на демократијата и праведната распределба. Оваа нова борба, чии сведоци сме, добро ги препознава расизмот, нацизмот и другите капиларни начини за консолидирање на неолибералниот капитализам, и нема друг излез освен борбата.
Предавањето ќе се одржи онлајн во живо на фејсбук-страницата на КРИК https://www.facebook.com/KRIKfestival/ со почеток во 19 часот и ќе биде проследено со разговор кој ќе го модерира Ивана Хаџиевска.
Откако во 1988 година Светлана Слапшак, добива отказ од Институтот за уметност и литература во Белград, по наместен судски процес од страна на режимот на Милошевиќ, а во врска со нејзиното јавно спротивставување на српскиот национализам и распадот на Југославија, како и нејзината акција во корист на најдолго притворениот затвореник на совеста во Југославија, Адем Демачи. Во 1991 година, се сели во Љубљана. Таа е координатор за Антропологија на античките светови и антропологија на родот на ISH (Institutum Studiorum Humanitatis), на љубљанската Школа за хуманистички науки, декан на институтот од 2005, главен уредник на кварталното списание за женски студии и култура од Белград ProFemina, уште од 1994, претседавач на Женските студии на Ратгерс САД (1994-1995), поканета на EHESS Париз 1998; Соработник на NIAS, Wassenaar, 1999-2000; Соработник на Max Planck Institute, Берлин, 2000; Соработник на Collegium Budapest, 2005. Добитничка е на наградата за есеи „Милош Црњански“ во 1990, Наградата за слобода на изразување на американскиот ПЕН во 1993, Watch Award во Хелсинки 2000; Helen Award во Монтреал во 2001.
КРИК – фестивал за критичка култура е платформа која се застапува за афирмација на уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси. Програмите на КРИК се креирани за да поттикнат во јавната сфера критичка дебата преку која би се промовирал социо-културниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми. КРИК има цел да застане во одбрана на правото на критичка култура, која постојано ќе ги поместува границите на еманципаторските политики во социо-културниот простор. КРИК е платформа низ која ќе се истражуваат и изучуваат можностите на проникнување помеѓу естетското и политичкото, помеѓу уметничките практики и нивното влијание врз пошироката демократизација на општеството, помеѓу граѓанските заедници и медиумските облици на борба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Новогодишен концерт на Зарина Првасевда, „Кадифено“, во Македонската филхармонија
На 20 декември со почеток во 19 и 30 часот во Македонската филхармонија концерт ќе одржи македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда.
На денешната прес-конференција беа споделени детали за концертот „Кадифено“, кој претставува уникатно музичко патување што ги спојува традицијата, современиот звук и светската музичка виртуозност.
Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде интимниот и длабоко емотивен израз се испреплетуваат со македонската и ориенталната традиција, добивајќи современа звучна форма низ импровизација и модерен сензибилитет.
„Овој концерт за мене е многу личен процес и еден вид враќање кон корените, но и нивно преосмислување. Материјалот што ќе го изведам произлегува од македонската и ориенталната музичка традиција, но е создаван низ слобода, импровизација и современ звучен јазик. Сакав публиката да го почувствува овој концерт како интимен простор – како заедничко доживување во кое музиката не е само изведба, туку разговор, емоција и трансцедентност“, изјави Евгенија Здравевска, позната под својот уметнички псевдоним Зарина Првасевда.
Гостите од Турција, Џенк Еродоган, светски познатиот виртуоз на фретлес гитара и Греми награден уметник како и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, беа оправдано отсутни поради доцнење на нивниот лет за Скопје од повеќе од два часа, предизвикано од густата магла над Скопје, изјавија организаторите.
Џенк Ердоган е Греми награден композитор и еден од највлијателните фретлес-гитаристи во светот. Како дипломец со First Class Honours и предавач на Berklee College of Music, тој е врвно интернационално име. Добитник е на Yeşilçam награда за Најдобар саундтрак, настапувал со светски музичари како светски познатиот индиски перкусионист Трилок Гурту и американскиот џез фјужн тапанар Дејв Врекл како и турнеи низ Европа и САД.
Ахмет Алан е турски перкусионист кој свири традиционални инструменти како бендир. Гордо го комбинира богатството на турската фолклорна музика со современи ритми, давајќи му свеж, жив звук на традиционалниот перкутерски израз. Неговите настапи често се мешавина од енергија, игра и ритам — што ги прави привлечни и за публиката што ја обожава класичната етно-музика, и за оние кои бараат модерни звучни искуства. Со тоа, Алан е мост помеѓу минатото и сегашноста во светот на турската перкусиона музика.
„Кадифено“ е концерт кој ќе понуди искрена емоција, длабока музичка нарација и редок спој на домашна и меѓународна уметничка енергија – вистинско предновогодишно културно доживување.
Билетите за концертот се достапни на веб страната другастрана.мк.
фото/Кристијан Арсовски
Култура
Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија
Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.
Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.
Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.
При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:
„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“
Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

