Економија
ССМ: Прекинот на програмата е на штета на граѓаните и на фирмитe
Сојузот на стопански комори на Македонија се обраќа во знак на револт како резултат на исклучувањето на програмите од страна на операторите кои се обврзани со договори склучени со компаниите и граѓаните да ги испорачуваат. Со ваквото однесување се врши оштетување на корисниците кои имаат склучени договори со операторите, врз основа на кои тие очекуваат испорака на услугите за кои плаќаат.
„Вакво скандалозно однесување не е забележано никаде, да се исклучува програма за која постојат уредно потпишани договори и за која се има обврска за испорака на услуга кон компаниите и граѓаните. Бараме појаснување според кој член од договорите без прашање и без писмено прифаќање од страна на корисниците, истите ќе бидат обештетени со некој денар намалена претплата, а не со соодветна оштета за прекршување на договорите.
Правото на протест доколку се сака да се искористи, тоа не смее да се прави со оштетување на корисниците и со на овој начин вршење притисок со исклучување на програмата. За протест против наводно наметнат пропис, операторите може да се упатат пред институциите кои сметаат дека ги оштетиле, да си го користат правото на штрајк и протест, да преговараат, без да се преземаат дејствија како прекин на услуга, со што ги оштетуваат граѓаните и фирмите. Очекуваме да се престане со самоволието камуфлирано во протест, своите права операторитe да си ги бараат институционално, а не на грбот на корисниците и да ги испорачуваат редовно услугите за кои имаат обврска по договор“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

