Забава
Принцот Вилијам наполни 38 години, се плаши од јавни настапи и на својата свадба покани и бездомници
Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам, го прослави 38. роденден.
Полното име му е Вилијам Артур Филип Луис (38), роден е на 21 јуни 1982 година во Лондон и е најстариот син на принцот Чарлс (71) и покојната принцеза Дајана, како и внук на кралицата Елизабета Втора (94) и принцот Филип (99). Вилијам е втор по ред што ќе го наследи британскиот кралски престол, веднаш зад неговиот татко Чарлс.
На 29 април 2011 година, тој се ожени со Кејт Мидлтон (38), па неодамна ја прославија деветгодишнината од свадбата.
Британците го славеа тој ден, не работеа. Како ни следниот ден, за да се одморат од прославата. Целиот настан се емитуваше на малите екрани, а податоците покажуваат дека кралската свадба ја следеле три милијарди луѓе. Се емитуваше и на интернет, каде што го следеа 72 милиони луѓе. Затоа овој настан влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Вилијам и Кејт поканија 1.900 луѓе на свадбата. Беа испратени покани напишани со златни букви. Кралската двојка сакала и „обични“ луѓе да бидат на свадбата, па затоа поканиле бројни доброволци, сирачиња и бездомници.
Денес тие имаат хармоничен брак и три деца, принцот Џорџ (6), принцезата Шарлота (5) и принцот Луис (2).
Во едно интервју, Војводата од Кембриџ призна дека се плаши од јавни говори затоа што има слаб вид и не може целосно да препознае лица. Вели дека сè му е во магла, затоа што не носи контактни леќи додека работи и зборува на сцената.
Вилијам тврди дека секогаш бил анксиозен кога морал да се појави пред луѓето. Сепак, нему всушност му помогнал фактот дека не може да препознае никого, па рече:
„Мојот вид почна да се влошува кога растев и немав навика да носам контактни леќи додека работев. Држев говори, но не можев да препознаам никого. И тоа навистина ми помогна да ги надминам анксиозноста и стравот од јавните настапи“, рече Вилијам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Шајло фотографирана на улиците на Лос Анџелес, многумина неодоливо ги потсетува на својата мајка
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, 18-годишната Шајло, неодамна го привлече вниманието на улиците на Лос Анџелес.
Фотографите ја фотографираа со нејзината пријателка Кеони, од студиото за танц во кое одат заедно. Судејќи по фотографиите, девојките биле добро расположени.
Тие се смееја и се шегуваа додека минуваа по улицата. Шајло излезе во лежерна облека – носеше широка црна тренерка, црни патики и ранец. Таа е многу блиска со Кеони и често поминуваат време заедно.
Нивните фотографии набрзо се проширија на социјалните мрежи, а многумина напишаа дека Шајло неодоливо ги потсетува на нивната мајка Анџелина, која при неодамнешното гостување во шоуто Добро утро Америка изјави дека нејзините деца кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит живеат надвор од очите на јавноста.
Забава
Милијардерка се уште тврди дека никогаш немала пластична операција: Мразам ботокс и филери
Милијардерката Џоселин Вилденштајн (84) се уште тврди дека никогаш немала пластична операција. Сега додаде дека мрази и ботокс, иако постојано се зборува за нејзината трансформација на лицето.
Странските медиуми ја нарекоа „жена мачка“, а таа тврди дека нејзиниот изглед е природен.
Во новото интервју за The Sun, таа негира каква било пластична операција.
„Не сум направила пластична операција, се плашам што може да се случи“, рече таа. Милијардерката тврди и дека никогаш не ставила филери во лицето, но дека има пријатели кои не биле задоволни од нив.
„Не сакам ботокс. Секој има различна реакција на него. Имав ботокс само два пати. Не знам дали сум алергична, но кога го земав, не се чувствував добро. Не беше добар резултат, ми отече лицето“, рече таа.
Претходно нејзиниот партнер Лојд Клајн изјави дека Џоселин постојано изгледа исто и дека „никогаш не сменила ништо на лицето“.
Забава
(Видео) Ричард Гир за животот во Шпанија: „Прекрасно е, луѓето се грижат еден за друг“
Актерот Ричард Гир неодамна се пресели од САД во Шпанија поради сопругата Алехандра Силва и нивните два сина, а одлуката се покажа како полн погодок за нив.
Неодамна заедно присуствуваа на галата „Elle for Future“ во Мадрид, настан посветен на иднината и заштита на планетата, што воедно беше и нивно прво појавување во јавноста по преселувањето.
Во интервју за шпанското издание на магазинот Elle, Гир ги сподели своите впечатоци од животот во ново опкружување.
„Овде е прекрасно. Кога зборуваме за општеството и заедницата, морам да кажам дека овде чувствувам силен дух на заедница. Луѓето се грижат еден за друг. Во мојот свет таквите социјални врски се почесто се раскинуваат, па јас навистина го ценам тоа овде“, изјави познатиот актер.
Ричард Гир и Алехандра Силва се во брак шест години и имаат два сина. Заедно заклучиле дека нивните деца ќе имаат подобро детство во Шпанија, земјата во која Алехандра е родена и го поминала најголемиот дел од животот. Дополнителна предност е што момчињата уште од детството учат шпански со мајка им, што ќе им олесни да се прилагодат.