Македонија
Деветмина починати и 90 нови случаи на Ковид-19 во земјава
Во последните 24 часа од направени 665 тестирања, регистрирани се 90 нови случаи на Ковид-19 во земјава и тоа во: Скопје – 36, Куманово – 2, Штип – 8, Тетово -4, Струга – 10, Велес – 2, Битола – 2, Охрид – 13, Гостивар – 1, Крушево – 1, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Свети Николе – 2, Ресен – 6.
Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје – 9, Штип – 30, Тетово – 1, Велес – 1, Гостивар – 4, Струмица – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 1.
Починати се 9 лица, петмина од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести почина пациент од Скопје (90), хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64).
Во болницата „8 Септември“ починаа, пациентка (70) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, пациент (61) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57), примен на 17 јуни.
На барање и со потпис од семејството од болница е испишан пациент од Скопје (64), кој починал во својот дом откако бил пренесен со возило на брза помош. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на Ковид, а потврден позитивен по приемот.
Во болницата во Тетово починати се две лица, пациент (60), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70), хоспитализирана на 15 јуни. Во болницата во Охрид вчера е починат пациент (64), чиј позитивен резултат е потврден денес.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на оздравени пациенти е 1.974, на починати е 247, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.975.
Во согласност со новите податоци од ресорното министерство, статистиката на заразени по градови е следна:
• Скопје 2534, активни 1721
• Куманово 694, активни 241
• Дебар 82, активни 30
• Штип 275, активни 188
• Прилеп 231, активни 18
• Тетово 538, активни 326
• Струга 180, активни 100
• Велес 167, активни 33
• Битола 42, активни 13
• Охрид 112, активни 92
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 83, активни 50
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 6
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 61, активни 27
• Пробиштип 13, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 16, активни 14
• Кичево 8, активни 5
• Ресен 65, активни 64
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на Ковид-19.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера, врз основа на податоците е следна:
• Чаир – 394
• Аеродром – 135
• Бутел – 144
• Гази Баба – 156
• Центар – 137
• Карпош – 116
• Сарај – 137
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 83
• Студеничани – 86
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 55
• Илинден – 31
• Петровец – 14
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 13
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски и Мицкоски на увид во градежните активности на булеварот „Македонија“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски синоќа извршија теренски увид во градежните работи на булеварот „Македонија“ со кој главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница.
Ѓорѓиевски вели дека работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален и не се создаваат дополнителни гужви.
„Иако третата фаза, подземната сообраќајница е веќе изградена, нејзиното целосно ставање во функција е возможно само со реализација на сите фази. Првата фаза започна пред неколку недели и веќе се реализира со конкретни активности на терен. Во рамки на оваа етапа се врши реконструкција и рехабилитација на постоечкиот коловоз, како и проширување на одделни коловозни ленти со цел значително подобрување на проточноста и функционалноста на сообраќајот. Проектот ги опфаќа булеварот „Борис Трајковски“ (кај Рампа), улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и крак од булеварот „Македонија“ до приклучокот на булеварот „Борис Трајковски“, од каде продолжува кон следната фаза. Предвидено е и проширување на улицата „Пролет“, на потегот од ПС Пролет до Тутунскиот комбинат, со дополнителна коловозна лента. Раскрсницата на овој потег, од безбедносни причини, ќе биде уредена со два острови во форма на триаголник и три во форма на солза, со што значително ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. На потегот од улицата „Пролет“ кон Лимак, како и од Лимак кон булеварот „Борис Трајковски“, се воведува еднонасочен режим на сообраќај, додека на раскрсницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „11 Октомври“ ќе бидат поставени нови, современи семафори“, објави градоначалникот на Скопје.
Во наредните фази, додава тој, е предвидена изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“, како и уште два кружни текови на потегот меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“ (Железничка), како и проширување на булеварот „Св. Кирил и Методиј“.
„Паралелно со коловозната инфраструктура, се изведува и атмосферска канализација со поставување на повеќе од 60 шахти и сливници – значаен чекор кон поотпорна, одржлива и функционална урбана инфраструктура. Подземната сообраќајница ќе располага со шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две наменети за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки. Со нејзиното пуштање во употреба се очекува значително намалување на метежот, побрзо и поефикасно движење низ централното градско подрачје и создавање на побезбеден, поуреден и покомфорен урбан простор“, стои во објавата на Ѓорѓиевски.
Македонија
Прочка – празник на искреното меѓусебно простување кај православните верници
Денеска православните верници го слават празникот Прочка.
Овој ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања.
Прочка е ден на меѓусебно простување помеѓу верниците, пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на празникот се менува во зависност од датумот на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.
Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Според традицијата, прошка бара помладиот од постариот со зборовите „Прости ми“, а постариот одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“.
Со Прочка завршуваат зимските и почнуваат пролетните празници.
Македонија
Променливо облачно со засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во утринските часови, во повисоките предели на северозападот можно е краткотрајно провејување на слаб снег.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, додека максималната дневна ќе биде меѓу 5 и 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува променлива облачност со кратки сончеви периоди. Северниот ветер на моменти ќе засилува, особено во одредени делови од котлината. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Во текот на новата седмица се очекува стабилно време. Исклучок ќе биде вторник, кога кон крајот на денот, претежно во североисточните делови од земјата, се можни повремени локални врнежи од дожд. Утрaта ќе бидат постудени, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

