Македонија
Здружение на информатичко-комуникациски технологии: Владата времено го одложи проблемот со реемитување на телевизиските канали

Владата времено го одложи проблемот со реемитување на телевизиските канали. Рокот е пролонгиран од август за ноември, но потребно е системско решение пред истекот на овој рок, во интерес на корисниците, соопшти Здружението на информатичко-комуникациски технологии.
„Ги известуваме корисниците и целата јавност дека со Уредбата која ја донесе Владата на седницата одржана на 22 јуни 2020 година, само времено се одложи проблемот со реемитување на телевизиските канали, бидејќи само се пролонгираше рокот до ноември 2020 година, но остана обврската за исполнување на наметнатите неуставни обврски.
Со донесувањето на Уредбата пред истекот на вонредната состојба, не се дојде до трајно решение за ситуацијата и повторно останаа во сила неуставните измени на Законот, што како краен исход повторно ќе доведе до создавање криза кон крајот на годината.Се надеваме дека со овој мал чекор Владата ќе најде сила за конечно системско решавање на ситуацијата со реемитување на телевизиските канали, пред ноември, во интерес на сите граѓани.
Уште еднаш укажуваме дека операторите работат согласно позитивните правни норми во оваа земја и се надеваме дека никогаш повторно нема да бидеме приморани да ги браниме нашите права, преку протест, што е наше уставно загарантирано право.Во меѓувреме, ќе работиме заедно со сите надлежни институции и националните телевизии со цел да се постигне конечно и законски утврдено решение, со кое ќе се овозможи рамноправен третман и заштита на легитимните интереси на сите чинители на пазарот за производство и реемитување на телевизиска содржина“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија, зошто секогаш кога се власт се случуваат грешки како прифаќањето на бугарскиот ултиматум

На денешниот народен митинг во Новаци во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека политичкиот противник, СДСМ оваа кампања ја започна невообичаено наспроти сите теории и практики во кампања, од прв ден со црна кампања, со монтажи, со спинови, со дефокус и со напади, најчесто против него и неговото семејство, додавајќи дека и нема што да се очекува од луѓе што нема што да кажат.
Мицкоски посочи дека ако не е црната кампања тие нема за што да зборуваат, затоа што тие од нивното време не оставиле ништо вредно, освен криминал и корупција, а потоа се сетија да го извадат слоганот дека се бореле за нивниот дом.
„Но имам јас една дилема која би сакал пред вас да ја соопштам. А, тоа е за кој дом? За хациендите на Халкидики, за хациендите во Дубаи или за јахтите коишто ги гледавме ова лето. За кој дом зборуваат? Затоа што тие имаа можност да се борат за домот седум години, а тие го опустошија и го распродадоа домот и во секоја смисла на зборот, го понижија македонскиот народ. Да не дозволиме тоа повторно да се случи“, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека секогаш кога Социјалдемократскиот сојуз бил на власт се случувале грешки, како на пример временото име и последно, прифаќањето на ултиматумот од Бугарија.
„Затоа што, сетете се во минатото, СДСМ кога бил влада во Македонија, секогаш се случувале историски грешки. Вратете се назад од она времено име па се до прифаќањето на бугарскиот ултиматум. Да не дозволиме овие луѓе никогаш повеќе да бидат дел од македонската Влада, а тоа можеме да го направиме и потврдиме овие локални избори на 19 октомври. Ве повикувам масовно да излеземе и да испратиме силна порака како никогаш до сега“, повика Мицкоски.
Македонија
Поради снег и паднати дрва, во прекин сообраќајот на патот Никфорово – Леуново

Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот, се интервенира за негово расчистување, соопшти АМСМ:
Сообраќајот на регионалниот патен правец Бунец – Леуново од 17.00 часот е нормализиран.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди , утринските температури ниски, дневната до 15 степени

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во недела утрото ќе биде ведро и студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува. Во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.