Свет
Иран подготвен да преговара со САД, но бара извинување

Иран е отворен за преговори со САД ако Вашингтон се извини за напуштањето на нуклеарниот договор oд 2015 година и го компензира тоа на Техеран, изјави денеска иранскиот претседател, Хасан Рохани, предупредувајќи дека повиците на САД за преговори се неискрени.
Конфликтот меѓу Техеран и Вашингтон се влошува уште од 2018 година кога американскиот претседател, Доналд Трамп, се повлече од иранскиот нуклеарниот договор со големите сили од 2015 година и повторно воспостави санкции што ја оштетија економијата на Иран.
Иран ги отфрли сите преговори со САД, кои се обидуваат да го присилат Техеран да преговара за нов договор, освен ако Вашингтон не ги укине санкциите за Техеран и не се врати на првичниот договор.
Во почетокот на јуни Трамп го повтори повикот на Вашингтон за нов договор со Техеран што ќе воспостави построга контрола врз иранската нуклеарна програма, ќе ја суспендира програмата за балистички ракети и ќе стави крај на децениските регионални војни во туѓи земји.
„Ние немаме ништо против разговорите со САД, но само ако Вашингтон ги исполни своите обврски од нуклеарниот договор, се извини и го компензира на Техеран повлекувањето од договорот од 2015 година“, рече Рохани во телевизискиот говор.
„Но, ние знаеме дека овие повици за преговори со Техеран се само празни зборови и лаги“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски.
„Нема да признаеме ниту една територија окупирана од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи… Значи, никој нема да го заборави ова. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите главни црвени линии“, рече Зеленски на прес-конференција.
Тој истакна дека државата нема да дозволи никој да го заборави ова злосторство против Украина. Украинскиот лидер нагласи дека доколку Русија ги отфрли предлозите изнесени за време на средбата на украинската и американската делегација во Џеда, Киев смета на силни американски чекори за притисок врз Русија.
„Колку што разбрав, можеме да сметаме на силни чекори од САД кон руската страна. Се уште не ги знам деталите, но зборуваме за санкции и зајакнување на Украина“, рече Зеленски.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ги погоди Филипини

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Филипинскте Острови, соопшти германскиот истражувачки центар за геонаука ГФЗ.
Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за жртви или евентуална материјална штета.
Регион
Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да дозволи ситуацијата на Балканот да се развива како пред 30 години

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денеска во врска со безбедносната состојба во регионот изјави дека внимателно ја следи политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Србија и Косово и изрази уверување дека НАТО нема да дозволи ситуацијата да се развива како пред 30 години.
„Со големо внимание ги следиме сите политички настани, не само во Босна и Херцеговина, туку и во Косово и Србија. Гледаме дека ги следат и меѓународните политички и воени сили, како што се НАТО и Обединетите нации“, изјави Анушиќ за новинарите во Книн, објави Хрватската радио и телевизија.
Тој изрази уверување дека НАТО и меѓународната политика нема да дозволат ситуацијата да се развива како пред 25 или 30 години, но дека ќе биде „контролирана и нема да оди во несакана насока“.
На новинарско прашање за настаните во Босна и Херцеговина, Анушиќ рече дека се надева дека нема да има ескалација.