Регион
Рекорден број на заболени за 24 часа, 119 лица заразени со коронавирус во Босна
Во БиХ е регистриран рекорден број заразени со коронавирус во последните 24 часа од почетокот на пандемијата, пренесува „Аваз“.
Според официјалните податоци, вкупно 119 лица се позитивни на Ковид-19, од кои 62 во Република Српска и 57 во Федерацијата БиХ.
Досега се тестирани 50.815 примероци во БиХ, а Ковид-19 е потврден кај 1.732 лица. До денес оздравеле 1.012 пациенти во Федерацијата БиХ, додека 671 случај во моментов се активни.
Досега се регистрирани 49 смртни случаи, два во последните 24 часа, и тие се постари мажи.
„Клучно е сите да се придржуваме кон мерките, да се посветиме на спроведување на лична заштита и работодавачите да се придржуваат кон превентивни мерки на работното место со цел да се спречи ширењето на вирусот и зголемувањето на бројот на пациенти“, предупредуваат од Сојузниот кризен штаб.
Тие потсетија на основните мерки за превенција – оддалеченост и избегнување ракување и гушкање, често и темелно миење на рацете, одржување лична хигиена и хигиена на просторот и избегнување големи собири.
Во Република Српска во последните 24 часа биле тестирани 375 примероци, а коронавирусот е потврден кај 62 лица.
В.д. директорот на Институтот за јавно здравје на РС, Бранислав Жeљковиќ, рече дека епидемиолошката состојба е влошена и дека сите мерки остануваат во сила.
Тој ги повика граѓаните строго да се придржуваат кон мерките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

