Македонија
Шекеринска од струшкиот регион: Една милијарда инвестиции во инфраструктурата го смени квалитетот на живот на граѓаните
Владата покажа дека една милијарда инвестиции во инфраструктурата го смени на подобро квалитетот на живот на граѓаните, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска од денешната посета на струшкиот регион.
„Оние кои сакаат да инвестираат во иднината инвестираат во инфраструктура. Денеска ми беше навистина задоволство што можев да го посетам граничниот премин Ќафасан каде што Владата инвестираше сериозни средства во соработка со ЕУ за да обезбеди полесен транспорт, побрзо минување на граничниот премин и поголема размена со нашите соседи. Инвестираме во граничните премини заради тоа што знаеме дека тие се шанса за бизнисите полесно да можат да продаваат, полесно да можат да се развиваат и да извезуваат. Новите објекти на граничниот премин Ќафасан покажуваат колку брзо можеме да ја менуваме инфраструктурата и таа да биде во поддршка и на граѓаните, но и на македонската економија“, рече Шекеринска.
Таа нагласи дека нашата размена и со Албанија расте и се зголемува транзитот. Шекеринска денеска беше и во Лабуништа, каде вели дека животот сега е подобар.
„Секој пат кога сум го посетувала Лабуништа истите дискусии сме ги воделе – каква е патната инфраструктура, каква е состојбата со образованието, особено земајќи предвид дека голем број на деца немаа шанси да имаат каква било спортска активност. Денеска задоволство ми е да бидеме присутни таму каде што животот е подобар, а подобар е затоа што сме вложувале во вистински работи. После 40 години и повеќе успеавме да инвестираме во важен патен правец за целиот овој крај. Патниот правец Суво поле – Лабуништа е целосно реконструиран благодарејќи на средства од Јавното претпријатие за државни патишта и Платежната држава агенција. Тоа покажува – кога институциите соработуваат, навистина резултатите се видливи“, нагласи Шекеринска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

