Свет
Првите туристи ќе заминат во Меѓународната вселенска станица за три години
Двајца туристи ќе ја посетат Меѓународната вселенска станица во 2023 година.
„RSC Energia и Space Adventures Inc. имаат потпишано договор за спроведување краткорочна експедиција на двајца учесници во вселенски летала во рамките на „Сојуз MС“ во 2023 година до рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица, се наведува во соопштението на руската компанија.
Ееден од вселенските туристи, согласно договореното, ќе замине во Космосот со професионален астронаут.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Роберт Фицо е свесен и комуникативен, соопштија неговите лекари
Словачкиот премиер Роберт Фицо е свесен и комуникативен, а последователно му беше извршена томографија, соопштија денеска неговите лекари.
„Истовремено, се преземаат натамошни чекори за подобрување на неговото здравје“, соопштија од болницата во словачкиот град Банска Бистрица, каде што премиерот закрепнува по атентатот, пренесува „Ројтерс“.
Вицепремиерот Роберт Калинак во неделата изјави дека премиерот е надвор од животна опасност, иако сè уште е во премногу сериозна состојба за да биде префрлен во болница во Братислава.
Свет
Силни турбуленции на летот Лондон – Сингапур: едно лице загина, повеќе од 30 повредени
Едно лице загина во авион од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а повеќе од 30 лица се повредени, јавува Би-би-си.
Авионот „боинг 777-300 ер“, кој летал за Сингапур, бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15.45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.
„Сингапур ерлајнс“ соопшти дека летот SQ321, кој летал од Лондон до Сингапур, наишол на сериозни турбуленции.
„Можеме да потврдиме дека има повредени и една личност смртно настрада. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот. „Сингапур ерлајнс“ изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата.
Тие додадоа дека „соработуваат со локалните власти на Тајланд за да им ја дадат потребната медицинска помош на повредените“ и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.
Регион
Мотивот би можел да биде љубомора: осомничениот за убиството на сопругата и двете деца во Тузла купил секира на пазар
Тузланецот Мујага Чичкошиќ е осомничен дека ги убил сопругата и двете деца на возраст од девет и две години, а потоа се фрлил од стан во зградата и се самоубил.
Истражните екипи пронашле секира, со која, како што се сомнева, е извршено убиството, пренесува „Аваз“. Пронајдени се и други остри предмети, а истрагата ќе утврди дали ги убил со сечилото или со тапиот дел од секирата. Наредено е вештачење.
Според неофицијални информации на „Аваз“, обвинителите и истражителите се сомневаат дека мотивот за грозоморното убиство би можел да биде љубомора. Засега оваа информација не е официјално потврдена.
Чичкошиќ, како што потврдија за „Аваз“, пред неколку дена се вратил од Германија, каде што работел како медицински техничар. Бил вработен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Тузла, како и неговата сопруга, но заминал да работи во Германија.
„Аваз“ пишува дека Чичкошиќ, како што досега покажала истрагата, детаљно го испланирал бруталното злосторство. Како што потврди изворот на „Аваз“, тој купил секира на пазарот кај Хемет неколку дена пред злосторството и со неа ги убил членовите на семејството.
Во станот била пронајдена глетка со цедење крв, а наводно целиот стан бил уништен. Се сомнева дека сопругата се обидела да ги спаси децата, но не успеала.
Она што ги шокира истражителите е тоа што Чичкошиќ наводно оставил белешка на вратата од станот по стравотното злосторство, пренесуваат медиумите. Наводно пишувало имиња на одредени луѓе. Полицијата сега истражува за кого станува збор.
Наводно, меѓу нив се и имињата на одредени роднини, кои му помогнале да се вработи во Германија.