Македонија
Спасовски на средба со пензионерите: Ги покачивме пензиите најмногу во последните 12 години
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, попладнево оствари средби со граѓани во скопската општина Бутел. На средбата со пензионери, тој зборуваше за растот и сигурноста на пензиите и за новите мерки во Програмата на СДСМ што се значајни и за пензионерите.
„Ги покачивме пензиите. Сите пензионери, од јануари земаат повисока пензија за 722 денара. 324.000 пензионери добија месечно зголемување на пензијата за 722 денари. Ова е најголемо покачување на пензиите во последните 12 години. Тоа го овозможивме со тоа што го стабилизиравме Пензискиот фонд којшто беше во долгови. На овој начин обезбедивме сигурни пензии за сегашните пензионери и за идните пензионери. Просечната пензија со новото покачување изнесува 15.500 денари. Реформата во пензискиот систем се спроведува врз основа на темелни анализи и системски пристап кон зголемувањето на пензиите, темелен на реален раст на економијата , а не на политички, моментални решенија. Дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување e намален за 3.7 милијарди денари, без радикални мерки како замрзување на пензии или зголемување на старосната граница за пензионирање. Расте економијата, растат приходите кај работоспособното население, порасна минималната плата за 15% само за 2019 година, порасна просечната плата за 5% во истиот период и пораснаа и пензиите во јануари“, рече Спасовски.
Тој најави нови покачувања на пензиите.
„Во Програмата на СДСМ, да знаете, се обврзуваме на нова повисока минимална пензија. Да нема пензионер што ќе зема помалку од 10.700 денари. Бидејки висината на пензиите е директно поврзана со растот на платите, а нашата цел е раст на платите во следните 4 години, тоа значи и отворени можости за раст на пензиите. Во нашата Програма за следните 4 години се обрзуваме дека по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти и раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот – тоа значи и шанси за нов раст на пензиите. Видовте, во услови на здравствено-економска криза, редовно, дури и порано од предвидените рокови ги исплаќаме пензиите. Ги заштитивме граѓаните и државата во здравствено-економската светска криза од најцрните сценарија – се грижиме за јавното здравје и не дозволивме никој да е оставен без егзистенција. Нашиот концепт е сигурност: сигурност на пензиите, сигурност на платите, нови работни места, повеќе инвестиции, повисоки плати“, соопшти Спасовски.
Тој додаде дека ваквите политки се во интерес и на младите.
„Па и младите да ни останат овде. Да си ги гледате внуките и внуците како растат до вас, да им се радувате на матурите, на дипломските, како формираат семејства во родната земја, а не да скитаат сами по белиот свет. Нема опција за правиот пат – пред сите нас е една опција, сигурност, тоа е правиот пат. Спротивно на сигурност е опасност. ВМРО-ДПМНЕ и со Мицковски на чело е опасност за државата. Тие продолжуваат со неодговорното однесување, тие лажат, шират паника, злоупотребуваат институции за партиски цели, додека ние продолжуваме со решенија и нови иницијативи. Се грижиме за сите и можеме уште повеќе и уште подобро, но мораме и ќе продолжиме заедно по правиот пат, рече меѓу другото, носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средбата со пензионери во скопската општина Бутел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

