Македонија
СЗО: Македонија на листата на 11 земји во кои забрзано се шири коронавирусот
СЗО предупреди дека за прв пат во последните неколку месеци во Европа има зголемување на бројот на заболени од коронавирус на неделна основа.
Во 11 земји „забрзаниот пренос“ предизвика значителен пораст, кој доколку се остави без надзор, ќе ги врати здравствените системи во Европа на работ, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, јавува Би-Би-Си.
Списокот на СЗО ги вклучува Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Казахстан, Киргистан, Косово, Северна Македонија, Молдавија, Шведска и Украина.
Амбасадорите на ЕУ се состануваат оваа недела на разговори околу повторното отворање на надворешните граници од 1 јули. Еден од критериумите што земјите-членки го разгледуваат е да дозволат патување само на патници од одредени земји, меѓу кои земји нема да се најдат земји со висока стапка на инфекција, вклучително и САД, Русија и Бразил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

