Македонија
Заев од Охрид: Ковид еден ден ќе заврши, но Мицкоски нема да може да ја извади маската на лажниот патриотизам
Вечерва од граѓанската трибина во Охрид, претседателот на СДСМ Зоран Заев ја презентираше програмата на Коалицијата „Можеме“ за Охрид, но и тоа што е сработено во изминатите две години.
Заев апелираше да продолжиме да се бориме за Охрид, и за татковината, затоа што само дома си е дома. И токму поради тоа, вели Заев, Владата предводена од СДСМ донесе големите одлуки, без било какви калкулантска за политички кариери или политички рејтинзи.
„Верувам дека уште еднаш ќе покажеме дека ние работиме, не калкулираме. Не водиме сметка само за политичките поени и политичкиот рејтинг туку работиме искрено онака како што треба кон држава и кон својот народ да се поставиме,” рече Заев.
Осврнувајќи се на противникот, Заев додаде „Ќе издржиме, ќе ги фрлиме и маските но што ќе прават нашите противници со тие нивни постојани маски кои што ги носат. Маски на преродбата, маски на лажниот патриотизам, маски сега на обновата. Tие не можат никогаш да ги фрлат тие маски. Затоа почитувани Охриѓани секогаш ќе дојдам со полно со љубов срце кон Охрид затоа што направивме многу, направивме многу за нашата земја, направивме многу и за Охрид.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

