Македонија
Професорите Атанасов, Живковиќ и Димитриевски: Лага е дека се повлекуваме од изборите за ректор на УКИМ
Професорите Петар Атанасов, Вујица Живковиќ и Драги Димитриевски, кои вчера ги ставија кандитатурите за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во мирување, велат дека е лага информацијата дека се повлекуваат и го бојкотираат изборот.
„Ние вчера јасно и гласно кажавме дека нашите кандидатури ги ставаме во мирување согласно со извештаите и препораките на ДКСК и ДПИ. Овие избори за ректор се нелегални, недемократски и неакадемски. Нашите кандитатури ги ставивме во мирување, затоа што не сакаме да учествуваме на вакви избори и да ѝ дадеме легитимност на целата оваа нелегална постапка“, велат тие во заедничко соопштение.
Тројцата професори наведуваат дека остануваат на ставот дека денешното гласање е противзаконско.
„Ние се залагаме дека процедурата за избор на ректор треба да биде демократска, транспарентна и без прекршување на законот. Ние бараме фер услови, онака како што пропишува новиот Закон за високо образование. Во овој момент Универзитетската изборна комисија не работи во согласност со Законот за високо образование и Статутот на УКИМ. Денешниот ден е обид на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ да се спроведат недемократски, нелегални и насилни избори од страна на ректорот Јанкуловски и на Универзитетската изборна комисија“, велат професорите.
Тие велат дека овие избори за ректор треба да се поништат и да се прогласат за ништовни.
Според нив, новиот Сенат треба да избере нова комисија за законско спроведување на изборот за ректор по парламентарните избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

