Соопштенија
(Видео) Караванот на Македонски концепт ги посети општините од втората изборна единица

Предизборниот караван на Македонски концепт вчера ги посети општините од втората изборна единица, Ѓорче Петров, Гази Баба и Куманово.
Изјава дадоа Петар Богојески, кој е носител во изборната единица 1, и носителката за втората изборна единица Снежана Костадиноска-Милошеска.
Во Ѓорче Петров, Богојески нагласи дека за жителите од општината најважни би биле два проекта од нивната програма – проектот за обесштетување на граѓани и проектот за потекло на имот на политичари.
„Ѓорче Петров е општина во која неколку политичари преку ноќ се збогатија и од пекари станаа милионери“, посочи претставникот на Македонски концепт.
Пред кумановци Богојевски нагласи дека е време сите сили да се вложат во насока на тоа да престане масовното исселување од Куманово и од сите градови од Македонија.
„Поддршката за бројот 10 на избирачкото ливче е последна шанса да смениме нешто во оваа наша држава“, рече тој на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски, во новата програма најави обуки, едукација и волонтерски ангажман за младите центарци кои се невработени или немаат соодветно образование и професионален тренинг.
„На овие млади луѓе ќе им помогнеме да стекнат нови знаења и вештини и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот на труд. Дополнително, во соработка со партнерски организации, ќе им обезбедиме поддршка при вработување и практикантство,“ истакна Герасимовски.
Тој посочи дека во општината веќе се ангажирани практиканти, студенти и апсолвенти, кои своето прво работно искуство го стекнуваат во различни општински сектори. Практикантите примаат месечен надомест од 15.000 денари, а по шестмесечниот ангажман добиваат официјална потврда за потребите на факултетот.
„Практикантството е одлична можност младите да се изградат како професионалци и, доколку сакаат, во иднина да станат дел од локалните процеси,“ додаде Герасимовски, најавувајќи продолжување на овој успешен проект и во наредниот период.
„Општина Центар за младите доделува и субвенции за возачки испит. Поддршката изнесува 10.000 денари за теоретска и практична обука, за сите млади кои годинава наполнија 18 или 19 години. Со оваа мерка им овозможуваме на младите да се стекнат со возачка дозвола, да станат поконкурентни на пазарот на труд, да ги зголемат своите можности за вработување и безбедно да учествуваат во сообраќајот,“ рече градоначалникот.
Младите исто така можат да добијат финансиска поддршка за купување велосипед или е-велосипед, тротинет и дополнителна опрема, со што се поттикнува користење на здрави и еколошки навики. Герасимовски истакна дека во рамките на општината активно функционира и Младинскиот центар „Матично“ како простор за учење, поврзување и вклучување на младите во различни активности.
Соопштенија
Тоневски: Ќе изградиме регионален пат до ски-центарот Пониква и до детското одморалиште

Изградба на регионален пат до ски-центар Пониква и детско одморалиште е дел од изборната програма на Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Еден од моите приоритети е изградбата на регионален пат Пробиштип – ски-центар Пониква. Овој пат ќе значи директна врска со еден од најубавите планински центри на Осогово. Поттик за турзимот, нови работни места и развој на локалните бизниси. Дополнителна активност за младите. Со современи стандарди, заштита на природата и предвидена зимска проодност. Патот ќе ја отвори вратата кон нов економски и туристички циклус за целиот регион. Пониква е нашиот зимски бисер. Ќе изградиме детско одморалиште за настава во природа и организирање на летни и зимски кампови за нашите ученици“, рече Тоневски.
Соопштенија
Костовски: Нова енергетска фасада на ООУ „Св. Климент Охридски“

„Местото каде што го поминав најубавиот дел од мојот живот, основното училиште „Св. Климент Охридски“, добива нова фасада“, вели актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
„Овој проект е во вредност од 11 милиони денари. Образованието останува да биде мој врвен приоритет“, додава Костовски.