Соопштенија
(Видео) Заев: По цела деценија стагнирање, денес Северна Македонија е 30. членка на НАТО

По цела деценија стагнирање, денес Северна Македонија е 30. земја членка на НАТО и имаме одлука со која наскоро почнуваме преговори за членство во ЕУ, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Членството во НАТО значи дека нашите граници се трајно обезбедени, нашата безбедност е загарантирана. Тоа значи и нови инвестиции, нови работни места и повисоки плати за сите. Тоа е пристап на пазар од 4 милијарди евра годишно, пазар за нашите, домашни компании. Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Членството во НАТО е влезница за ЕУ. Оваа година целосно заслужено почнуваме преговори со унијата“, рече тој.
Подготвени сме, додаде тој, знаеме и можеме, со новата Влада предводена од СДСМ до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ.
„Тоа значи и отворање нови европски фондови од кои во следните години обезбедуваме 2,5 милијарди евра. Тоа се повеќе пари за справување со корона-кризата, повеќе пари за новата македонска економија, пари кои ќе се користат за зелена агенда, за капитални инвестиции, за земјоделство, за канализации, патишта и водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома, во нашата татковина“, рече Заев.
Во изминатите три години, додаде тој, покажавме дека со СДСМ, ЕУ и НАТО станаа реалност, а од другата страна, со ВМРО-ДПМНЕ возможна е само обнова на режимот.
„Добро знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаа став за ниту едно прашање, важно за државата и граѓаните, дека бегаа од одговорност и постојано блокираа и кочеа. Мицкоски не собра храбрости ниту да даде аплауз на денот на ратификацијата на НАТО членството во македонското собрание. И ден денес тие се закануваат дека ќе ја вратат државата чекор назад, назад во изолација, дека ќе го вратат назад режимот. На 15 јули ќе ја потврдиме разликата“, кажа Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.