Соопштенија
ДУИ: Разрешувањето на Зибери е одмазда кон првиот кандидат за премиер Албанец

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека разрешувањето на директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери, е одмазда кон првиот кандидат за премиер Албанец.
„Демократската унија за интеграција остро го осудува постапувањето пресметано врз дневнa политичка цел, освета и во функција на парламентарните избори, на министерот за здравство Венко Филипче против директорот на Институтот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери. Ова политичко постапување на Филипче директно го загрозува здравјето на граѓаните и главната институција во борбата против со Ковид-19 и загрозува илјадници граѓани“, велат од партијата.
Според ДУИ, кандидатурата на Насер Зибери за прв премиер Албанец им ги замаглила видот и умот на политичките опоненти кои, како што велат, не бираат средства за борба против еден Албанец на чело на институциите и на Владата, и по цена на загрозување на јавното здравје на граѓаните.
„Овој недоличен, брутален и популистички акт со елементи на етничко влијание и политичка одмазда е порака за сите Албанци, за целата албанска дијаспора и сите други граѓани. Ова постапување е неприфатливо бидејќи е мотивирано против семејството на албанскиот кандидат за премиер, затоа казната за овие антиалбански постапки ќе се даде на 15 јули од граѓаните на ова земја“, пишува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски, во новата програма најави обуки, едукација и волонтерски ангажман за младите центарци кои се невработени или немаат соодветно образование и професионален тренинг.
„На овие млади луѓе ќе им помогнеме да стекнат нови знаења и вештини и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот на труд. Дополнително, во соработка со партнерски организации, ќе им обезбедиме поддршка при вработување и практикантство,“ истакна Герасимовски.
Тој посочи дека во општината веќе се ангажирани практиканти, студенти и апсолвенти, кои своето прво работно искуство го стекнуваат во различни општински сектори. Практикантите примаат месечен надомест од 15.000 денари, а по шестмесечниот ангажман добиваат официјална потврда за потребите на факултетот.
„Практикантството е одлична можност младите да се изградат како професионалци и, доколку сакаат, во иднина да станат дел од локалните процеси,“ додаде Герасимовски, најавувајќи продолжување на овој успешен проект и во наредниот период.
„Општина Центар за младите доделува и субвенции за возачки испит. Поддршката изнесува 10.000 денари за теоретска и практична обука, за сите млади кои годинава наполнија 18 или 19 години. Со оваа мерка им овозможуваме на младите да се стекнат со возачка дозвола, да станат поконкурентни на пазарот на труд, да ги зголемат своите можности за вработување и безбедно да учествуваат во сообраќајот,“ рече градоначалникот.
Младите исто така можат да добијат финансиска поддршка за купување велосипед или е-велосипед, тротинет и дополнителна опрема, со што се поттикнува користење на здрави и еколошки навики. Герасимовски истакна дека во рамките на општината активно функционира и Младинскиот центар „Матично“ како простор за учење, поврзување и вклучување на младите во различни активности.
Соопштенија
Тоневски: Ќе изградиме регионален пат до ски-центарот Пониква и до детското одморалиште

Изградба на регионален пат до ски-центар Пониква и детско одморалиште е дел од изборната програма на Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Еден од моите приоритети е изградбата на регионален пат Пробиштип – ски-центар Пониква. Овој пат ќе значи директна врска со еден од најубавите планински центри на Осогово. Поттик за турзимот, нови работни места и развој на локалните бизниси. Дополнителна активност за младите. Со современи стандарди, заштита на природата и предвидена зимска проодност. Патот ќе ја отвори вратата кон нов економски и туристички циклус за целиот регион. Пониква е нашиот зимски бисер. Ќе изградиме детско одморалиште за настава во природа и организирање на летни и зимски кампови за нашите ученици“, рече Тоневски.
Соопштенија
Костовски: Нова енергетска фасада на ООУ „Св. Климент Охридски“

„Местото каде што го поминав најубавиот дел од мојот живот, основното училиште „Св. Климент Охридски“, добива нова фасада“, вели актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
„Овој проект е во вредност од 11 милиони денари. Образованието останува да биде мој врвен приоритет“, додава Костовски.