Македонија
Девет смртни случаи и 150 новозабoлени во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починале девет лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје, соопшти Министерството за здравство. Потврдени се 150 нови случаи, а оздравеле 30 заболени.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починале две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починале пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19, од кои само во Скопје – 93.
Во Куманово-7, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-3, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-3, Кочани-1, Кичево-8, Ресен-5, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од: Скопје-21, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-3, Битола-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.906, бројката на оздравени пациенти е 2.236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.393.
Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2893, активни 1931
• Куманово 732, активни 276
• Дебар 89, активни 37
• Штип 306, активни 181
• Прилеп 246, активни 23
• Тетово 640, активни 374
• Струга 196, активни 114
• Велес 173, активни 30
• Битола 46, активни 15
• Охрид 149, активни 125
• Кавадарци 14, активни 8
• Гостивар 104, активни 63
• Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 14, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 67, активни 30
• Пробиштип 14, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 24, активни 22
• Кичево 24, активни 20
• Ресен 94, активни 90
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 4 деца позитивни и сомнителни на ковид и 17 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 30 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 421
• Аеродром – 147
• Бутел – 137
• Гази Баба – 151
• Центар – 127
• Карпош – 128
• Сарај – 139
• Кисела Вода – 109
• Ѓорче Петров – 86
• Студеничани – 95
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 54
• Илинден – 30
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 3
• Нераспределен-90
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – погубни економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, обвини СДСМ.
Според партијата, тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија.
„Со оваа неспособна Влада: пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува, Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година. Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места“, велат од СДСМ.
Од таму обвинија дека ова се последици од владеењето на Мицкоски и дека се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик, а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа.
Македонија
Регионална иницијатива за превенција од пожари на Западен Балкан

Во услови на зголемени ризици од пожари, започна регионална иницијатива за подигање на свеста за управување со пожари на ниво на предел во земјите од Западен Балкан. Иницијативата, поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има за цел да го поттикне интегрираното и одржливо управување со екосистемите, наместо традиционалниот пристап што се фокусира исклучиво на гаснење.
Пожарите оставија сериозни последици врз природата, економијата и животот на граѓаните, а над 90% од нив се предизвикани од човечка невнимателност — факт што укажува дека превенцијата е клучна.
Преку интерсекторска соработка, јакнење на локалните капацитети и активности на терен, иницијативата тежнее да создаде предели и заедници отпорни на пожари.
„Природата е наша заедничка одговорност. Со здружени напори можеме да постигнеме нула пожари предизвикани од човечки фактор,“ велат од Министерството.
Македонија
Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат од компанијата „Мирана“ преку официјално соопштение.
Од ударот се оштетени дел од просториите на „Биокосмос“ и, како што посочуваат од таму, тие привремено ќе бидат надвор од употреба додека не се санира штетата.
Фабриката „Мирана“, која се наоѓа во истиот индустриски комплекс, не била зафатена од пожарот и производствениот процес таму продолжува непречено.
Во пожарот нема повредени лица.
Центарот за управување со кризи претходно денес информира дека пожарот бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите на ЦУК, огнот зафатил магацински простор со фрижидери и канцеларии со документација, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.
Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавуваат чадења.