Македонија
(Видео) Димитров: Мора да има одговорност за тие што се огрешиле од законот
Опозицијата ДПМНЕ на билборд има поставено порака: „Правда за сите. Без исклучоци.“ Гротескноста на таа порака народот ја нарекува „држте го крадецот или арамијата.“ Основната причина зошто чекорите кон правда и одговорност се пребавни е токму тоа што за опозицијата во последните години на нивното политичко делување, врвен приоритет е да се бега од правдата, да застаруваат случаи, нивниот напад врз СЈО, не врз поединци коишто се огрешиле од законот, туку напад врз СЈО како институција и нејзината мисија, изјави Никола Димитров, носител на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“.
Тој порача дека мора да има одговорност за тие што се огрешиле од законот.
„Затоа на 15 јули мора убедливо да ги поразиме, за чекорите кон правда да бидат многу посилни и поодлучни. Битката на чесните против нечесните, притоа не зборувам тука за партии и идеологии, насекаде, и „нашите“ и „нивните“, е најважната битка за нашата иднина и за нашите деца“, кажа Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.