Контакт

Црна хроника

Приведен штипјанец поради криумчарење мигранти

Објавено пред

Шипјанец на 36-годишна возраст (Ф.Ш.) бил приведен на автопатот Куманово – Граничен премин Табановце, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело криумчарење мигранти.

dobivaj vesti na viber

„При обид да застанат патничко возило ‘ауди А6’, со битолски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, тој го напуштил местото на настанот. По кратко време Ф.Ш. бил лишен од слобода, а во близина на железничка пруга, на место викано Чифлик, биле забележани 10 лица-мигранти. Од нив седум избегале, а задржани биле М.Џ.(23) од Бангладеш, А.А.(30) од Јемен и М.А.(29) од Сирија, кои потоа се сместени во Транзитен центар Табановце, додека Ф.Ш. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, информира МВР за овој случај.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Објавено пред

На 10.10.2025 во 13:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода С.Н.(50) и неговата невенчана сопруга 35-годишната Н.А., двајцата од Неготино. Според пријавеното, С.Н. на лице од Неготино пред неколку месеци му дал 2.000 денари, но бидејќи лицето не успеало на време да ги врати парите со несразмерната камата му дало накит за да го одложи времето на враќање на парите. Како што е пријавено, на 09.10.2025, С.Н и Н.А. отишле во неговиот дом и физички го нападнале, а била турната и неговата сопруга, која се обидела да ги спречи во нападот.
Подоцна, со судска наредба извршен е претрес во домот на С.Н., при што биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и валути, накит, вага, куршуми кои ги поседувал без соодветна документација, патна исправа на друго лице и нотес со запишани белешки. Исто така, при преглед кај С.Н. и Н.А. биле пронајдени пари, а откако биле приведени во полициска станица, С.Н. физички нападнал и двајца полициски службеници. Тие се задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
Против Н.А. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по член 386, а против С.Н. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство”, „лихварство”, „напад врз службено лице” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материјали”.
Тој е изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од осум дена, по што е спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Гевгелија.
Прикажи повеќе...

Црна хроника

Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Објавено пред

Вчера во 12:10 часот на плоштад „Скендербег“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар од слобода лишија 16 – годишник од село во општина Центар Жупа. Тој се сомничи дека претходно извршил „кражба“ во продажен објект во Дебар, при што одзел пари. Во присуство на неговата мајка, извршен е службен разговор со малолетникот, а парите се пронајдени и вратени на сопственикот на објектот.
По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар против малолетникот ќе поднесе соодветна пријава.
Прикажи повеќе...

Црна хроника

18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Објавено пред

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.

dobivaj vesti na viber

– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија4 часа

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...

Свет7 часа

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...

Македонија20 часа

Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во...

Топ23 часа

18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарницата во Гостивар

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарницата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од...

Свет1 ден

Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да ја сочуваме визијата и храброста на оние што тргнаа во востанички марш

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи...

Македонија1 ден

Од утре гужви на границите со новиот систем за влези и излез, ги објавуваме сите детали за што сè треба да се подготват патниците

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален...

Македонија1 ден

Осомничениот раководител во РЕК доби затворски притвор, куќниот е укинат поради можност за бегство

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик...

Македонија2 дена

(Видео) Шукова: План и решенија за Гази Баба да стане мотор на развој на Скопје

„Оваа општина има огромен потенцијал. Но наместо да биде мотор на развојот, стана илустрација за стагнација“ – порача Каја Шукова...

Спорт2 дена

Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД,...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Мицкоски од уста не ме вади

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан...

Македонија2 дена

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025...

Македонија2 дена

Разрешен директорот на Клиниката за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски

Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за...

Топ2 дена

Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од...

Македонија2 дена

Застреланиот лекар Шаини ја брани сопругата: Ги отфрлам тврдењата дека зад ова стои госпоѓата Арјета Ајдини

Застреланиот лекар Зекирија Шаини ги отфрли како неосновани и невистинити тврдењата дека неговата сопруга Арјета Ајдини е вмешана во вооружениот...

Македонија2 дена

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република...

Македонија2 дена

Поликлиника во Расадник со пари од унгарскиот кредит најавија Ѓорѓиевски и Стаменкоска-Трајкоска

По триесет години празни ветувања, поликлиниката во Расадник станува реалност, кажаа денес актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за...

Свет2 дена

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја...

Македонија2 дена

(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на...