Забава
(Видео) „Мулан“ го следи „Тенет“ во спас на холивудското лето
Надежите на Холивуд дека ќе ја спаси својата летна сезона веројатно ќе се исполнат откако премиерите на двата големи филма, „Тенет“ на Кристофер Нолан и римејкот на Дизниевиот „Мулан“, беа презакажани за август.
Со новите пријавени случаи на коронавирус во делови од САД, „Дизни“ во петокот по стапките на „Ворнер Брос“, ја одложи премиерата на „Мулан“ кон крајот на август. Филмот, првично планиран да почне да се прикажува во март, беше презакажан за 24 јули, а сега за 21 август.
„Пандемијата ги смени нашите планови за премиерата на ‘Мулан’, а ние ќе продолжиме да бидеме флексибилни како што бараат условите. Ова не го смени нашето верување во моќта на овој филм и неговата порака на надеж и истрајност“, велат копретседавачите на „Дизни“, Алан Хорн и Алан Бергман, во заедничко соопштение.

Во четвртокот, „Ворнер Брос“ исто така го одложи „Тенет“, со Џон Дејвид Вашингтон и Роберт Патинсон во главните улоги, од 31 јули до 12 август. Студиото ја нагласи потребата за флексибилност.
„Одлучивме да го отвориме филмот среде недела за да ѝ овозможиме на публиката да го открие во свое сопствено време и планираме подолг период на прикажување далеку над нормалата со цел да развиеме многу поинаква, но успешна стратегија на пуштање нов филм“, рече портпаролот на „Ворнер Брос“.
Трите најголеми синџири киносали во Северна Америка AMC Theaters, Regal Cinemas and Cinemark поставија распоред за повторно отворање на национално ниво во средината на јули со цел први да ги прикажат филмовите од нивниот каталог, како увод во летната сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мадона се мажи за момче 38 години помладо од неа: „Предбрачниот договор се подразбира“
Познатата пејачка Мадона (67) веќе некое време ужива во турбулентна љубовна врска со 38 години помладиот Акем Морис, а како што објавува „Радар онлајн“, двојката планира свадба.
Наводно, Морис ѝ предложила брак на Мадона во тајност и сега сите чекаат официјална потврда.
Пејачката не крие од своите најблиски колку е заљубена, и како што вели, „Морис ја прави самоуверена и среќна, никој никогаш не се однесувал така со неа“. Гласини за свршувачка се појавија и претходно кога обожавателите ја видоа со дијамантски прстен на раката, но Мадона во тоа време не потврди ништо.
Според изворот, свадбата би можела да се одржи во Италија или Португалија, а вљубениот пар сака интимна церемонија каде што ќе ги соберат само најблиските роднини и пријатели. Но, и покрај нивната голема љубов, тие ќе потпишат предбрачен договор.
„Секако, таа ќе потпише предбрачен договор. Акем нема забелешки на ова, тој веќе се согласил на сите клаузули за доверливост, така што нема конфликти по ова прашање“, изјавил извор близок до Мадона.
Двојката ужива во својата љубов од 2022 година, а познато е само дека во одреден момент ја ставиле својата врска на чекање, само за да се смират минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Тој има сопруга 34 години помлада од него, а ова е неговата тајна: „Само кога таа ми дозволува“
Познатиот актер Ричард Гир (76) во последните години ужива во семејниот живот со својата сопруга Алехандра Силва, далеку од рефлекторите, камерите и љубопитните папараци. Тој се пресели во Шпанија со сопругата и децата, а неодамна беше фатен на улиците на Њујорк во сосема обична облека, што јасно стави до знаење дека сè уште е неодолив шармер.
Неговиот брак со неговата сопруга, која е 34 години помлада од него, е исто така неодолив, а познатиот холивудски заводник ја откри тајната на нивниот успех. Тоа е секојдневна навика што му носи чувство на смиреност и среќа, а исто така и на неговата сопруга.
„Треба да ја бакнеш својата сопруга. Кога таа ми дозволува, се разбира, што не е секогаш“, се пошегува Гир во интервју за Hello!.

И овој пат имаше пофални зборови за својата подобра половина, наведувајќи дека таа го направила подобар родител.
„Таа е неверојатна мајка. Гледајќи ја, научив како да бидам подобар татко“, призна тој, а потоа откри дека чувствувал силна привлечност кон Алехандра од првиот ден и дека тоа било взаемно.
„Нашата карма се привлече во моментот кога се запознавме. Не ја игнорирам разликата во годините, но кога има толку силна енергија, проблемите исчезнуваат сами по себе“, верува Ричард Гир.
Забава
(Фото) „Девојка замрзната во времето“: Вера Ванг (76) им пркоси на сите со својот младешки изглед
Познатата дизајнерка Вера Ванг (76) дефинитивно има таен лек кој го спречува стареењето, а на секој настан таа одново и одново шокира со својот изглед.
Вера неодамна наполни 76 години, но ако само го погледнете нејзиното лице, веројатно никогаш нема да помислите дека веќе е во осумдесеттите години. Кога се појави на церемонијата на доделување награди во Њујорк, таа повторно ги остави сите воодушевени.

За оваа пригода, таа избра долго бело здолниште и црн топ со обемни ракави кои паѓаат од рамената, правејќи ја целата комбинација подраматична отколку што веќе е.
Сончевите очила се неопходен додаток кога е во прашање таа, а овој пат не недостасуваа како моден детаљ. Во исто време, тие беа единственото друго нешто што Вера го додаде во својот стајлинг.

„Девојка замрзната во времето“, така може да се опише познатата дизајнерка.
Темата за нејзиниот изглед повторно е актуелна, особено на социјалните мрежи, а нејзината изјава во која нагласи дека стареењето го смета за старомодно, и дека во животот секогаш мора да се обидувате да растете и да напредувате, остана запаметена.

Сепак, и покрај сето ова, многумина сè уште не разбираат како Вера Ванг успева да изгледа идентично со години, но како што рече во 2022 година за Би-би-си, „магичниот еликсир на младоста е напорна работа“. Интересно е и тоа што Вера нема пребирлив пристап кон убавината, па затоа еднаш рече дека можеби исхраната е клучна за нејзиниот изглед, а тоа се вотка, Мекдоналдс и крофни.
фото: принтскрин

