Контакт

Економија

Царовска и Деспотовски во посета на „Пакомак“: Финансирањето проекти е зголемено за 70 пати

Објавено пред

Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, денеска ја посетија компанијата „Пакомак“, корисник на кофинансиран грант за комерцијализација на иновации преку ФИТР.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерката Царовска, по средбата на директорот на Пакомак, посочи дeка оваа компанија е одличен пример за општествено одговорна компанија која во пракса покажува што значи да се воведуваат европски стандарди и европски иновации во нашата држава.

„Покажавме како влада дека навистина вложуваме во реалниот сектор со цел да тие имаат побрз технолошки развој, а со тоа да се раздвижи економијата кај нас на еден поинаков и иновативен начин. Оние инвестиции  преку ФИТР навистина имаат значење и тоа го гледаме низ секојдневните посети на компаниите. Не само што ја развиваме економијата, во суштина со ваков тип  иновации добиваме и повисоко платени работни места. Од друга страна, ‘Пакомак’ покажува дека заштитата на животната средина и рециклирањето може да станат наше секојдневие, а тоа се покажува и во европските земји. Токму затоа европските стандарди се оние коишто ние ги носиме. Дополнително сакам да истакнам дека  ФИТР води грижа и за родовиот баланс. Околу 33% од компаниите кои се поддржани од ФИТР во изминатите 2 и пол години се раководени или основани од жени. Секако дека тој процент треба да се зголемува постојано. Ги поттикнуваме жените кои се претприемачки да аплицираат во ФИТР. Сакам да истакнам и дека инвестициите од државата преку ФИТР се за многу пати зголемени, тоа го истакна и директорот. Само за споредба, до 2017 имало 36 компании поддржани преку ФИТР, додека по 2 и пол години имаме десет пати и повеќе поддржани компании. Ова укажува дека инвестициите се реални, финансиските средства коишто одат во компаниите даваат добри резултати и тие имаат потреба од ваков тип поддршка“, истакна вицепремиерката Царовска.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, посочи дека компанијата „Пакомак“ е една од 430-те микро, мали и средни домашни компании коишто користат средства од ФИТР во изминатите 3 години.

„Обемот за финансирање на сите овие 430 домашни компании е некаде околу 72 милиони евра, од коишто државата учествува со 55%, што значи дека останатите средства, некаде околу 30-ина милиони евра, се средства што ги вложуваат самите компании, вклучително и фирмата ‘Пакомак’. За 70 пати е зголемен обемот на финансирање во изминатите 3 години. Тоа покажува дека и економијата има потреба од државна помош, но и дека Владата со навремени и добро подготвени мерки излегува во пресрет. Анализите што веќе ги завршивме заклучно со 2019 година говорат дека од овие компании речиси 80% веќе работат со добивка, дека во однос на годините пред да реализираат инвестиции добивката расте со 71%, дека бројот на работни места се зголемува за 10%, дека просечната плата расте за 11%. Во поголемиот дел од овие компании просечната плата е веќе над 40.000 денари, што само покажува дека економските политики што се спроведуваат, особено на Планот за економски раст преку програмите на ФИТР даваат резултати“, подвлече директорот на ФИТР, Деспотовски.

Извршниот директор на „Пакомак“, Филип Ивановски, информираше до каде е развојот на повратната вендинг-машина за пластични шишиња, која „Пакомак“ ја развива како дел од проектот за кој користат кофинансиран грант за комерцијализација на иновации преку ФИТР, при што ја нагласи благодарноста кон Фондот и Владата, со оглед на тоа што овој тип на финансиска и стручна поддршка навистина многу им помага за навремена имплементација на проектот.

„Во моментот сме некаде до половина од развојот на оваа машина, која очекуваме да ја имаме како прототип некаде во октомври оваа година, а како финален производ во јули следната година. Очекуваме оваа машина да придонесе многу во собирање чиста пластична амбалажа и лименки од населението при што оние кои ќе ја користат таа машина ќе имаат одреден бенефит,  поени што потоа може да им користат или за плаќање на јавни сервиси или во супермаркетите со кои преговараме каде што ќе може да ги конвертираат во пари. Очекуваме дека со комерцијализација на оваа машина ќе можеме дел од тие машини да понудиме и на соседните земји и да придонесеме  во извозот на технологија од нашата земја, бидејќи машината ја развиваме со Факултетот за електротехнички науки и мислиме дека ќе биде многу современо, модерно решение коешто ќе биде конкурентно и на регионалниот и на европскиот пазар“, кажа извршниот директор на „Пакомак“, Филип Ивановски.

Машината која ја иновира „Пакомак“ ќе му овомозможи на секој граѓанин да може да дојде и да пушти шишиња и лименки. На крајот од процесот  граѓаните ќе можат со посебна апликација да наполнат поени на својот мобилен телефон, кои потоа ќе можат да ги користи за евентуално плаќање јавни услуги, за плаќање билети за јавен превоз, театар, филхармонија, супермаркет, за да им се намали сметката за комунален отпад, ќе постојат многу начини како да ги искористат поените. На самиот почеток ќе се почнеме со една или две опции за да се види функционалноста, а понатаму како ќе се идентификуваат проблемите, ќе се наоѓаат решенија за нивно надминување, по што е можно проширување на 20-тина опции кои секој граѓанин ќе може да ги користи. Граѓаните ќе имаат и одреден бенефит, затоа што покажуваат повисок степен на еколошка свесност и рециклираат.

Економија

МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании

Објавено пред

Над 1 милијарда денари нова транша е исплатена од кон Развојната банка за подршка на домашните компании, средства кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем, извести МФ.

dobivaj vesti na viber

Од централниот Буџет кон Развојната банка се исплатени 1,2 милијарди денари, односно 19,4 милиони евра, средства со кои ќе се реазираат инвестициски проекти од страна на домашните компании, кои претходно се одобрени од страна на деловните банки.

Со оваа транша вкупната поддршка што од централниот Буџет е трансфериран кон домашната економија преку оваа владина мерка изнесува 190,5 милиони евра.

Во Буџетот за 2025 година проектирани се вкупно 250 милиони евра кои се наменети за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании, а кои треба да покренат инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. Средствата за оваа намена ги обезбеди Владата по поволни услови преку унгарската Експорт-импорт банка, соопшти Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Економија

Халкбанк со нова кредитна линија од 12 милиони евра за одржливо земјоделство

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје, како една од водечките банки во земјата која постојано се насочува кон поддршка на реалната економија, започнува со реализација на нова кредитна линија наменета за развој на одржливо земјоделство.

dobivaj vesti na viber

Средствата во износ од 12 милиони евра се обезбедени преку Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) и ќе бидат ставени на располагање на земјоделците и земјоделските бизниси во наредните пет години.

Целта на оваа кредитна линија е да им овозможи на микро (вклучувајќи трговци поединци и индивидуални земјоделци), мали и средни претпријатија пристап до поволни извори на финансирање кои ќе им помогнат да ги реализираат своите планови за работен капитал, како и за инвестиции во опрема, модернизација и развој на одржливи агро-практики.

Кредитите ќе бидат одобрени под атрактивни услови, со варијабилна каматна стапка која започнува од 5,5% и со можност за флексибилна отплата преку месечни, квартални или полугодишни ануитети. Освен финансиската поддршка, програмата предвидува и дополнителни бенефити за земјоделците: организирани работилници и тренинзи преку кои ќе можат да стекнат нови знаења за современи и одржливи земјоделски практики, како и грант компонента до 1.000 евра по корисник, достапна до исцрпување на предвидениот буџет. На тој начин, кредитната линија не е само финансиски инструмент, туку и практичен поттик за модернизација и зголемување на конкурентноста на домашното земјоделство.

Халкбанк и ЕФСЕ соработуваат долги години, а ова партнерство овозможи континуирано насочување на финансиски средства кон микро, мали и средни претпријатија, со што се поддржа растот на многу бизниси и се даде значаен придонес во економскиот развој на државата. Новата кредитна линија претставува уште еден чекор во таа насока, ставајќи акцент на земјоделството како стратешка гранка со голем потенцијал за одржлив развој.

„Поддршката на земјоделството е од суштинско значење за иднината на економијата и благосостојбата на граѓаните. Со оваа нова кредитна линија, обезбедуваме не само поволни финансиски средства, туку и знаење и грантови кои ќе им помогнат на земјоделците да преминат кон одржливи практики и да ја зголемат својата продуктивност. Веруваме дека вложувањето во земјоделството значи вложување во долгорочна стабилност, храна со повисок квалитет и развој на руралните средини,“ велат од Халкбанк.

Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) е формиран од страна на Банката за развој KfW, со финансиска поддршка од германското Федерално Министерство за економска

соработка и развој (BMZ) и Европската комисија. Фондот има за цел да го поттикне економскиот развој и благосостојбата во земјите од Југоисточна Европа преку овозможување пристап до финансирање за микро и мали претпријатија и за домаќинства со пониски приходи, со фокус на одржливост и позитивно влијание врз заедниците.

Со оваа програма, Халкбанк ја продолжува својата долгорочна стратегија за поддршка на одржливите иницијативи во економијата, инвестирајќи во иднината на земјоделството и обезбедувајќи подобри услови за оние кои ја движат оваа важна гранка.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

Објавено пред

Најновите податоци од платежната статистика на Народната банка за вториот квартал од 2025 година покажуваат натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата, отколку шалтерите, соопшти НБРМ.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9% по број и за 20,9% по вредност. Особено е брз растот на електронски иницираните плаќања преку дигиталните канали, односно трансакциите растат за 18,6%, а вредноста за 28,3%. Најголемиот дел од платежните трансакции иницирани преку дигиталните канали (71,3%) се извршени преку мобилни апликации, што потврдува дека преовладува употребата на мобилниот телефон како најбрз и наједноставен начин на плаќање.

Се зголемува и користењето на платежните картички. Бројот на плаќањата со картички е поголем за 8,4%, а нивната вредност за 11,4%. Зголемувањето најмногу произлегува од зголеменото купување преку интернет (14,8%), но раст има и кај плаќањата во продавниците (7,9%).

Овие податоци, според НБРМ, јасно укажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани  

 „Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за...

Македонија38 минути

Цветан Димов има по 100.000 возила дневно и итно ќе го направи со шест ленти, Ѓорѓиевски ги повика чаирчани масовно да гласаат

Проширување на улицата Цветан Димов во Чаир ќе биде еден од првите проекти на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за...

Топ43 минути

Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода. Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје,...

Македонија2 часа

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени...

Македонија2 часа

Обвинителниот акт за пожарот во Кочани – одобрен во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во...

Македонија3 часа

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети, кој е на црната листа на САД

Судскиот совет го разреши судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, од функцијата. Инаку, тој во декември минатата година, заедно...

Македонија4 часа

Вработени во Општина Гази Баба организирале создавање и палење депонии, објави Арсовска

Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето...

Свет7 часа

(Во живо) Последниот брод сè уште плови кон Газа, Израел објави забрана за влез

Последниот брод во меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, според организаторите, откако околу 40...

Свет7 часа

Трамп: Ако продолжи блокадата на владата, ќе има отпуштања

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека федералните работници би можеле да бидат отпуштени, а проектите би можеле да бидат...

Европа8 часа

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол...

Европа16 часа

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа...

Топ16 часа

(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа...

Соопштенија16 часа

(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко...

Соопштенија16 часа

Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

На денешниот народен митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека на отворена сцена се гледа една непринципиелна...

Европа17 часа

(Видео) Путин: Невозможно е да се користат ракети Томахавк без директно учество на американската војска, а тоа би ги ескалирало односите меѓу Русија и САД

Путин коментираше за можноста САД да испорачаат крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ на Украина. „Ова оружје нема да ја...

Македонија20 часа

Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила...

Македонија1 ден

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по...

Македонија1 ден

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија1 ден

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...

Македонија1 ден

(Видео) Костовски и оваа изборна кампања ветува поликлиника во Бутел: За два месеца, ќе почне да се гради, за 18 месеци ќе да биде завршена

За два месеца, ќе биде поставен камен-темелник за нова поликлиника во Бутел, а ќе биде изградена за 18 месеци, најавија...