Македонија
Мисајловски: Обновата доаѓа, Куманово ќе биде предводник на победата
Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Владо Мисајловски вечерва пред Кумановчани вети дека ќе разговара за сите проблеми што ги тиштат, за урбаниот хаос што се случува, за скараната централен и локална власт, кој поголем шериф да биде во градот.
„За нас се не важни. Имаме разлика, го имаме Христијан Мицкоски и го имаме Зоран Заев. Кого да одбереме, човек кога дојде пред 30 месеци на првото место во партијата се трудеше од кал максимално да ја крене партијата на нозе. Свртете се и видете. Во секој град преполно народ, позитивна енергија и за две недели победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија“, порача Мисајловски.
„Сите кумановчани сакаат да останат тука. Сите сакаат да имаат подобар живот тука во Куманово. Сакаат да покажат дека можат повеќе. Со децении власта во Куманово е на СДСМ, јас ве прашувам јавно каде ги видовте последниве 3 години тие 230 км автопатишта што ги изградија. Дали ги има тука во Куманово. Дали го има клиничкиот центар што го ветија гледам спотови прават за него. Нема ништо лаги и манипулации. Сакам да ја говорам вистината, а вистината е дека овие три години се посветија на само едно прашање, само како да се смени името. Како да се создаде немир и омраза меѓу граѓаните, а сите останати во власта поготово и техничкиот премиер гледаа само како да се збогатат, ништо повеќе. Куманово заслужува повеќе Куманово има чесни луѓе доби луѓе и така мора да биде така и да остане“, истакна Мисајловски од Куманово.
Мисајловски предупреди дека после 15-ти јули може да биде касно. „И на претходните избори велевме дека Зоран Заев е нечесен и она што го кажува е измама. Сега он вели многу убави работи да ги чуете, но ќе бидете измамени. Немојте по втор пат да ве измамат. Вие во Куманово треба први да кажете дека е доста. Ова е најголем град во Македонија. Град кој заслужува најмногу, кој треба да биде еден од најубавите урбани центри, јас ве уверувам дека Христијан Мицкоски и овој тим ќе донесат многу за Куманово. Ќе донесе Обнова. Јас лично ви ветувам дека ќе бидам тука независно од функциите тие се менливи најважно да останеме луѓе. Во новата влада ќе има многу луѓе од Куманово што ќе ја водат власта. Христијан Мицкоски е лојален на Македонија. Од другата страна го имате техничкиот премиер и Зоран Заев кој ништо немаат направено за Куманово. Но одлуката е ваша. Вие ќе изберете. Дали сакате Куманово да биде просперитетен град или да остане во овие црнила во кои е долги години. Знам дека сакате да го видите вашето дете тука во Куманово. На овој 15-ти јули да гласаме за Македонија бидејќи друга резервна земја ние немаме”, порача Владо Мисајловски.
„Додека некој смислуваат црни сценарија, рекет и корупција, Христијан Мицкоски и ние во ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата размислувавме како да направиме 1000 проекти, како да има индустриска зона во Куманово, како да продолжат експресните патишта, како да има поголеми пензии, како да има поголеми плати, но овој пат вие одлучувате. одлучувате бидејќи може да биде доцна. Народе разбуди се, Обновата доаѓа Куманово ќе биде предводник на победата јас знам дека ќе биде овие прекрасни луѓе ќе ја направат победата на ВМРО-ДПМНЕ а вие ќе се гордеете во наредните 4 години кој ќе ја води оваа држава”, заклучи Мисајловски од Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

