Македонија
Силјаноска-Давкова: Работа ќе добијат најдобрите, а не последните на ранг листа

Носителката на изборна единица 1 Гордана Силјаноска – Давкова вети нови работни места. Таа кажа дека работа ќе добијат најдобрите, а не последните на ранг листа.
„Три години на самрак на Македонија! Како во поглед на идентитетот и економијата, така и во поглед на моралот. Видете ја програмата на СДСМ во 2016 и се ќе ви стане јасно. Мртво слово на хартија. Нула. Ништо не исполнија. Воспоставија непрофесионална и партиска администрација. Откако ја партизираа, сега ветуваат нејзино кратење. Погодувате од каде ќе почнат? Од неистомислениците! Денес неколку семејства, фамилии, управуваат со Македонија“, рече Силјаноска – Давкова, која беше во посета на Нерeзи.
Таа кажа дека економијата ни е на нула, а дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата ветува нови работни места.
„На прави места прави луѓе. Најдобрите, а не последните да бидат примени. Правичната застапеност не значи некој со помал број поени да биде примен само затоа што е од друга етничка заедница. Во Ирска само Шин Фејн, политичкото крило, можеше да влезе во парламентот, а не како кај нас, ги соблекоа униформите и добија се. Ветуваме обнова на Македонија. Воведуваме ред во безредието, закон во беззаконието. Мора крај да се стави на ова“, рече Силјаноска – Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до 31.5.2025, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Христо Татарчев 22/4, во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.
Наведената улица нема да биде проодна за сообраќај.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Oд 06:30 до 13:00 часот, дел од с.Сарај ул.4 – пат за с.Љубин кај кафе Лозана. (Општина Сарај)
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.Лазар Трповски зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски. (општина Чаир)
· Oд 09:00 до 15:30 часот,с.Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово.(општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Наум Чакаров бр.1-5 и ул.Борис Сарафов бр.105-121.(Општина Ѓорче Петров)
· Oд 12:00 до 13:00 часот, дел од ул.1 во с.Побожје, пат кон Бутел. (Општина Чучер Сандево)