Македонија
(Видео) Спасовски: Го прочистивме правосудството од корумпирани судии и обвинители

„Ова е голем ден за правдата во нашата држава, а со тоа и за брзата развојна економија што ја најавуваме во следниот четиригодишен мандат.Денеска стапи на сила Законот за јавно обвинителство, со којшто ги поставивме основите за правната држава, со којшто сите предмети што го отвори СЈО се спасени и се гарантира судска разрешница – и покрај сите блокади што ги правеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Оливер Спасовски од СДСМ, носител во ИЕ 2.
Според него, и од државниот јавен обвинител се слушна денеска уверување дека сите предмети ќе добијат судска разрешница и тоа така мора да биде и ќе биде, за да биде задоволена правдата.
Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски #Можеме #СДСМ
[?Во живо] Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски
Posted by Oliver Spasovski on Вторник, 30 јуни 2020
„Правда за сите ветивме и остваруваме. Режимските остатоци во судстството и врвот на ВМРО-ДПМНЕ тоа не успеаја да го спречат. И во следните 4 години целосно ја заокружуваме оваа цел, со прочистување на правосудството од корумпирани судии и обвинители поврзани со режимот што го поразивме на претходите избори. На овие избори ќе продолжиме по правиот пат, во правна држава со што додаваме уште еден мотор, покрај евро-атлантските интеграции, во брзата развојна економија со повисоки плати и пензии и нова поголема финансиска поддршка на младите луѓе во следните 4 години.
Препреките за развој на економијата се надминати. Станавме членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и тоа даде резултат од 624 милиони евра странски инвестиции, најмногу во Југоисточна Европа, со што ја завршивме 2019 година, а денес се веќе над 660 милиони евра. Нашата држава е најповолна за инвестирање во регионот поради сигурноста што ја обезбедивме и ако на стартот на интеграциите имаме 660 милиони евра странски директни инвестиции – со почетокот на преговорите со ЕУ и со воспоставената функционална правда што ја бараат инвеститорите, со право најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот. Во Програмата се обврзуваме дека ќе ги поддржиме домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови. И ќе има и просечна плата од 34.000 денари и минимална плата од 20.000 денари во следните четири години.
На прав пат сме, на патот на развојна економија, во праведна и правична држава којашто се грижи за сите, на патот на европска Македонија и продолжуваме кон сигурна иднина напред, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро“, порача Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради Велигден, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Имено, утре во периодот од 18.00 часот па до завршувањето на настанот по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град Скопје по потреба, за сообраќај ќе бидат затворени:
– бул.„Партизански Одреди” од крстосница со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосница со бул.„ВМРО”,
– бул.„Св.Климент Охридски” од крстосница со бул.„Илинден” до крстосница со ул.„Димитрие Чуповски”,
– ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со ул.„9-ти Мај” до кружна крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.
На автобусите кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што минуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.
Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.
Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.
По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува од учебниците, реагираат од ДУИ

Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за седмо одделение претставува сериозен чекор назад и длабока навреда за Албанците во оваа земја, оценува ДУИ.
Овој документ, кој служи како основа за подготовка на учебниците, според партијата на Ахмети, целосно ги игнорира Албанците, нивната култура, историја и придонес во заедничката држава.
Додаваат дека во претходната програма, подготвена од претходната влада, јасно билоо наведено дека учениците треба да ја учат историјата на својот народ и на другите народи што живеат во државата.
„Се поттикнуваше свесноста за идентитетот, соживотот и меѓукултурната почит.
Во новата програма, сите овие содржини се избришани без никакво објаснување. Нема ниту еден збор за Албанците, ниту за нивната улога во историјата, културата или општеството.
Ова не е техничка измена – ова е политичка порака. Намерна одлука историјата да се прикаже како дело на еден народ, државата како едноетничка, а Албанците како да не постојат.
Ваквиот пристап не само што ги исклучува учениците Албанци од учебниците, туку создава чувство на отфрленост и неправда кај цели генерации“, велат од ДУИ.
Оценуваат дека историја и општество не можат да се изучуваат без еден од најважните народи што го сочинуваат оваа држава.
Според нив, програмата не само што ја ускратува можноста учениците Албанци да се препознаат себеси, туку директно ја поткопува идејата за соживот, еднаквост и взаемна почит.
Ги повикуваат надлежните институции да ја повлечат оваа како што ја нарекуваат еднострана и исклучувачка програма и да се вратат на пристап што ќе го одразува вистинскиот историски и општествен мозаик на Република Северна Македонија.
„Албанците не се невидливи – не во минатото, не во сегашноста, и не смеат да бидат исклучени од ниту една страница на нашата заедничка историја“, нагласуваат од ДУИ.
Македонија
(Видео) Автомобил влече врзан коњ низ Скопје: полицијата го идентификуваше возачот

МВР го идентификуваше возачот на автомобилот кој влечеше врзан коњ во Скопје по вчерашното видео на кое реагираа граѓаните.
Во врска со видеото кое вчера (17.04.2025) беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа како лице кое управува патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени мерки и активности со цел утврдување и документирање на сторител на кривично дело „мачење на животни“ предвидено и казниво по член 233 од Кривичниот законик.
Информираат дека по сите преземени мерки и дејствија, СВР Скопје го утврдил возачот на возилото, при што со него бил извршен службен разговор и известен е јавен обвинител, по чии насоки ќе биде изготвено известување до ОЈО Скопје со целокупниот документиран материјал, со цел понатамошно постапување.