Економија
Димковски во посета на Росоман: Земјоделците електронски да аплицираат за субвенции

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски беше во посета на општина Росоман. Заедно со градоначалникот на општина Росоман Бранко Јанев, извршија увид во подготовката на дополнителната канцеларија од времен карактер, која е наменета за потребите на земјоделците од оваа општина.
МЗШВ се подготвува за почеток и реализација на Програмата за директни плаќања за 2020 година. Во следниот период, пред почетокот на аплицирањето за субвенции, ќе се отварат дополнителни канцеларии од времен карактер за потребите на неколку подрачни единици на МЗШВ, кои имаат голем обем на работа во екот на поднесување на Барања за субвенции. Допонителните канцеларии ќе бидат во фунција само додека трае периодот на аплицирање. Целта е да се растерети работата на подрачните единици на МЗШВ во услови на Ковид-19 и да им помогнеме на земјоделците полесно да можат да ги завршат обврските без загрозување на нивното здравје и здравјето на нашите вработени.
МЗШВ ќе отвори дополнителни канцеларии од времен карактер во следниве општини: Росоман, Босилово, Василево, Ново Село, Облешево, Богданци, Старо Нагоричане, Могила и Новаци. За непречено одвивање на активностите канцелариите ќе бидат комплетно опремени со канцелариски мебел и материјали за работа. Сите дополнителни канцеларии ќе бидат снабдени со средства за дезинфекција.
Датумот за почеток на пријавувањето на земјоделците за субвенции, во најскоро време ќе го одреди Платежната агенција соодветно на периодот за кој службите ќе ги обработат податоците од промените направени во земјоделските стопанства, бидејќи рокот за измени во ЕРЗС оваа година беше продолжен до денес – 30. јуни. Точниот датум кога ќе се започне со аплицирање за субвенции, ќе биде соопштен на транспаратен начин, преку објава на веб станата на МЗШВ и преку медиумите.
Со цел да се спречат вообичаените гужви кои се создаваат во подрачните единици додека трае рокот за поднесување на барањата за субвенции, ќе се изготват списоци по азбучен ред. Онаму каде што има потреба ќе се воведе двосменско работење, вработените ќе функционираат во тимови со цел да се спречи појава на Ковид – 19 и да се редуцира бројот на оператори во одреден простор, како и бројот на апликанти. За работа во смени помеѓу првата и втората смена ќе има празен период од половина час за да се избегне контакт меѓу двете смени и просториите да може да се дезинфицираат.
„Се подготвуваме да бидеме спремни во очекување на земјоделците кога ќе почнат да доаѓаат за аплицирање. Некој од подрачните единици ќе воведат двосменско работење. Се надеваме дека со една добра организација, нема да се создаваат гужви“, изјави министерот Димковски.
Веќе неколку години наназад на земјоделците им е овозможено и електронско аплицирање од дома. За таа цел изготвено е Упатство за електронско аплицирање со детални објаснувања чекор по чекор. За сите нејаснотии апликантите ќе можат телефонски да контактираат со вработените во подрачните едници. Упатсвото за електронско аплицирање и сите контаки со телефонски броеви и емаил адреси од вработените во Подрачните единици, ќе бидат објавени на веб страната на МЗШВ и јавно достапни.
Министерот Димковски, ги повика сите земјоделци да почнат да користат електронско аплицирање бидејќи тоа е еден современ пристап кој го користат развиените држави и со кој во услови на здравствена криза, многу ќе се допринесе за заштита на здравјето на апликантите и на вработените во подрачните единици на МЗШВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави, потсетува Управата за јавни приходи.
„Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови. Процесот на поднесување на ДДВ – 04 пријавите се одвива непречено и заклучно со вчерашниот ден, 22 април 2025 година од очекуваните 40.885, вкупно 12.202 даночни обврзници поднеле ДДВ-04 пријави, што претставува близу 30% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ-04 пријави“, влеат од УЈП.
Од таму апелираат даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави за овој даночен период, а сè уште не ги поднеле истите, уште денес да ја достават потребната документација до сметководителите со цел до законскиот рок 25 април 2025 година (петок) да ги исполнат своите даночни обврски.
„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите“, велат од УЈП.
Економија
Извршена исплата од 224.748.332 денара кон 7.826 лица за остварено производство на овошје

Денеска се изврши исплата од 224.748.332,00 денари кон 7.826 лица.
Исплатата како што информираат од Министерството за земјоделство, се однесува на дополнителните директни плаќања за остварено производство на овошје, мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.
Грижата кон земјоделецот продолжуваме да ја покажуваме на дело, велат од МЗШВ.
Економија
Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,11 % во однос на одлуката од 14.04.2025 година.
Од 23.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,780 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега ќе изнесува 36,780 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 3,456%, кај екстра лесното масло за 2,637% и кај мазутот зголемувањето е за 2,133%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 3,0273%.