Македонија
(Видео) Димитров: ДПМНЕ не само што бега од правдата, туку сака да го замолчи и говорот за правда
Кандидатот за пратеник и носителот на листата на Коалицијата „Можеме“ предвидена од СДСМ во ИЕ1, Никола Димитров, за време на изјавата за медиумите пред ОЈО зборуваше за влегувањето во сила на Законот за јавното обвинителство при што беше оневозможен од упадот на опозицијата.
„Еве што не сакаше ДПМНЕ да чуе и да се чуе: 30 јуни 2020 год. Голем ден за правната држава и за жедта за правда на македонските граѓани. Денес влегува во сила тешко донесениот дво-третински Закон за јавното обвинителство. Закон за којшто два еврокомесари, и претходниот Хан и актуелниот Вархеји ни укажуваа дека е битен за нашата кандидатура во очите на Брисел, за ЕУ. Некои земји членки многу експлицитно бараа овој закон да биде донесен, како што е Холандија особено холандскиот парламент. Закон што после година и пол тешки преговори во обид за политички консензус, се донесе со дво-третинско мнозинство, но без учеството на опозициската ДПМНЕ. Зошто велам голем ден? Затоа што случаите врзани со прислушуваните разговори што ги истражуваше и за кои подигнуваше обвиненија поранешното СЈО заради овој закон нема да одат под килим. Одат во рацете на Јавното обвинителство. Второ, покрај тоа што случаите нема да одат под килим, овој закон овозможува јавните обвинители да не ги бираат политичките партии, туку самите обвинители“, истакна Димитров.
Според него, станува збор за закон за којшто два еврокомесари, и претходниот Хан и актуелниот Вархеји ни укажуваа дека е битен за нашата кандидатура во очите на Брисел, за ЕУ.
„Некои земји членки многу експлицитно бараа овој закон да биде донесен, како што е Холандија особено холандскиот парламент. Закон што после година и пол тешки преговори во обид за политички консензус, се донесе со дво-третинско мнозинство, но без учеството на опозициската ДПМНЕ. Зошто велам голем ден? Затоа што случаите врзани со прислушуваните разговори што ги истражуваше и за кои подигнуваше обвиненија поранешното СЈО заради овој закон нема да одат под килим. Одат во рацете на Јавното обвинителство. Второ, покрај тоа што случаите нема да одат под килим, овој закон овозможува јавните обвинители да не ги бираат политичките партии, туку самите обвинители“, истакна Димитров.
„За време на изјавата за медиумите, на крајно недемократски начин за овој тип на настани, портпаролот на опозициската партија се обиде да го оневозможи јавното обраќање на Димитров до граѓаните, дрско и агресивно надвикувајќи ја изјавата на носителот, спречувајќи ги медиумите, а со тоа и јавноста да ја чујат неговата изјава. Кога погодувате точно во сржта, во нервот, вака изгледа. Овој театар е уште еден доказ којшто најпластично покажува дека опозицијата прави шум со цел јавноста да не ја дознае вистината за нивните криминали. Овој упад покажува уште еднаш дека основната кауза на опозициската ДПМНЕ е да бега од правда. Драго ми е што ја потсетија јавноста за начинот на нивното справување со вистината и благодарам што им дадоа уште една причина на граѓаните да гласаат против симболот на неказнивоста”, вели Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

