Македонија
Без струја повеќе делови на Скопје
Од ЕВН Македонија информираат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 4:30 до 5:00 часот, поголем дел од централното градско подрачје, односно дел од населба Пролет, јавните институции и другите објекти лоцирани на кејот на реката Вардар, плоштад Карпошово востание, „Веро џамбо“, дел од корисниците лоцирани кај Зелен пазар, како и дел од корисниците од населба Кисела Вода од зграда Пегла до објектот на технички преглед (општина Центар и Кисела Вода)
– во периодот од 7:30 до 15:30 часот, продавниците лоцирани на пластичарската улица на пресек со ул. Исмаил Кадаре, корисниците од улиците Исмаил Кадаре и Кумбара, како и дел од корисниците од улиците Кримска и 138 (општина Чаир)
– во периодот од 7:50 до 15:30 часот, корисниците од село Кучково (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 8:30 до 11:30 часот, каменоломите на Титан Беровиќ и Гама Градба, корисниците од селата Осинчани, Елово, Црн Врв, Малчиште и Маркова Сушица, (општина Студеничани) Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Држилово, Ракотинци и Добри Дол, како и објектите на ловиштето Јасен (општина Сопиште)
– во периодот од 8:30 до 13:30 часот, корисниците од село Добри Дол, лоцирани на потегот од црквата кон град Скопје (општина Сопиште)
– во периодот од 8:30 до 18:00 часот, корисниците од селата Горно и Долно Соње, Света Петка, Чифлик и Говрлево, како и сите стопански и нестопански објекти на тој потег (општина Сопиште )
– во периодот од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Бернард Расел (општина Ѓорче Петров).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

