Македонија
Скопјани ги споделија предизборните очекувања со Петар Богојески од Македонски концепт
Големо незадоволство од досегашните политики и досегашниот избор од помало и поголемо зло. Граѓаните се презаситени од празни изборни ветувања и немање избор. Тоа се основите пораки кои граѓаните во Скопје ги споделија со Петар Богојески, носител на листа на кандидати за пратеници од првата изборна единица, информираат од Македонски концепт.
Од партијата посочуваат дека граѓаните сакаат нормален живот во општество кое нуди фер услови за сите подеднакво и сакаат институции кои ќе работат за нив, а не за лични интереси на одредени политички фигури.

„Сегашната влада, опозиција и систем поставен од истите не можат да се санираат, напротив, мора целосно да се променат. Затоа на Македонија денес и е потребна искрена и конзистентна опозиција, која е подготвена да се бори за иднината на граѓаните, а не за себе. Македонски концепт ќе менува, а нема само да коегзистира со власта. Заедно со вашата поддршка можеме да покажеме дека го менуваме општеството во кое живееме, како и дека со вистински закони може да се формира парламент кој ќе работи за доброто на граѓаните. Десетка е број кој менува. Само заедно можеме да се избориме за суштински промени”, изјави Богојески по средбите со скопјани.

Како што рече тој, државата има потреба од политичари и народни пратеници што ќе сторат сé што е потребно за да ја вратат слободата на граѓаните, спокојот на секојдневието и меѓусебната солидарност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

