Македонија
Николоски: На првата владина седница ќе го забраниме увозот на тутун
Потретседателoт на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 4, Александар Николоски денеска одржа средба со граѓани во Радовиш и Ораовица.
„Нашето основно ветување за овој дел е удар врз зелената мафија која тука делува, а тоа подразбира дека на првата седница на идната Влада ќе се донесе закон со кој нема да смее килограм тутун да се увезе во Македонија додека не се откупи домашниот и додека не се откупи по фер и гарантирана цена“, нагласи Николоски.
Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува и пакет на законски решенија кои треба да помогнат во регулирањето на работата на превозниците.
„Стопанството ќе го стимулираме со ниски даноци, со бескаматни кредити како и со можност за вработување на млади луѓе до 29 години без никакви дополнителни давачки“, порача Николоски при посетата на Радовиш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

