Свет
Демонстрантите против расизмот се придружија на антиизраелски протест во Вашингтон

Демонстрантите на „Блек лајвс медр“ им се придружија на антиизраелските демонстранти на националниот „Ден на бес“ во средата, кој вклучуваше повици за уништување на Израел и тврдења дека Израел убива деца, што е алузија на средновековните антисемитски ставови, пренесоа американски медиуми наменети за еврејската заедница.
Антисемитските и антиизраелските групи го организирале „Денот на бес“ на 1 јули, првиот ден кога владата на Израел соопшти дека може да го продолжи законот за еврејските заедници во Јудеја и Самарија (Западниот Брег).
Тој процес на проширување на суверенитетот, познат како анексија, ќе ја вклучува стратешката долина на Јордан и ќе остави голем дел од преостанатата територијата за Палестинците да создадат држава, според мировниот план претставен претходно годинава од претседателот Доналд Трамп.
Планот предвидува помош за Палестинците од 50 милијарди американски долари – ако се откажат од теророт и се согласат на демилитаризирана држава на понудената територија, со главен град источно од Ерусалим. Понудата истекува по четири години.
Но, Палестинците го отфрлија планот, а антиизраелските демонстранти се здружија со „Блек лајвс медр“ во средата, што дел од серијата антиизраелски демонстрации во повеќе американски градови во текот на следните неколку дена.
It was only a matter of time before the DC protests turned anti-Semitic. pic.twitter.com/YTbwwGuOYh
— Nic Rowan (@NicXTempore) July 1, 2020
Во Вашингтон, двете групи се спија во една, а демонстрантите извикуваа екстремистички антиизраелски пароли, пренесува „Вашингтон егзаминер“.
Маршот, предводен од Кристијан Табаш од Универзитетот „Харвард“, привлече околу 200 луѓе кои носеа знаци со пораки со поддршка за Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и „Блек лајвс медр“. Како што маршот напредуваше, Табаш ги водеше своите следбеници во наизменични скандирања за Израел и за расна правда.
„Израел, те познаваме, и ти убиваш деца“, извикуваше толпата во еден момент.
Потоа следуваше скандирање „Црните животи вредат!“ и „Животите на Палестинците вредат!“
Идејата дека Израелците убиваат деца има корени во т.н. „крвна клевета“, лажно тврдење дека Евреите убиваат христијански деца за да ја користат нивната крв за бесквасниот леб за Пасха. Клеветата мигрирала во последните децении и во муслиманскиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.
Свет
Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, што се одржа во Велика Британија, бил конструктивен.
Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.
Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.
„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател.