Македонија
15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 75, Куманово – 9, Дебар – 6, Штип – 8, Прилеп – 6, Тетово – 9, Струга – 14, Велес – 3, Охрид – 10, Кавадарци – 3, Гостивар – 7, Гевгелија – 2, Струмица – 1, Крушево – 1, Кочани – 4, Пробиштип – 1, Берово – 1, Валандово – 1, Свети Николе – 6, Кичево – 3, Ресен – 3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2.
Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64,73 и 80 години.
Во ГОБ „8 Септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.
Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3208, активни 2010
• Куманово 769, активни 219
• Дебар 102, активни 50
• Штип 355, активни 161
• Прилеп 269, активни 43
• Тетово 723, активни 389
• Струга 242, активни 145
• Велес 189, активни 42
• Битола 54, активни 20
• Охрид 180, активни 151
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 129, активни 70
• Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 16, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 4
• Кочани 73, активни 21
• Пробиштип 20, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 1
• Валандово 7, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 36, активни 32
• Кичево 38, активни 32
• Ресен 111, активни 97
• Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1653 теста се преку: ИЈЗ –1001, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –101, Биотек –105, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -138, Судска медицина-6, Систина со PCR-метода -161, ЦЈЗ Битола-29, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 422
• Аеродром – 154
• Бутел – 162
• Гази Баба – 177
• Центар – 141
• Карпош – 160
• Сарај – 155
• Кисела Вода – 114
• Ѓорче Петров – 110
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 88
• Арачиново – 51
• Илинден – 32
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 20
• Сопиште – 13
• Зелениково-4
• Странец – 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатите четири дена уапсени седум лица за безобзирно управување на возило
Во периодот од (17/20.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2415 издадени платни налози, 435 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле седум лица, од кои шест за возење под дејство на алкохол, а едно лице за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 824 прекршоци за неправилно паркирање, 270 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, 16 санкции за минување на црвено светло, изречени се 175 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 23 санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани се и 115 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, како и 79 мерки за возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, 74 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 25 заради техничка неисправност. Изречени се и соодветни мерки за седум возачи на моторни возила поради затемнети стакла односно непрописно вградени фолии“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.
Македонија
ЦУК: Поради обилните врнежи зголемени се водостоите на реките, на некои места има излевања, поплавени се куќи и штали, има и одрони на патиштата
Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, извести Центарот за управување со кризи.
Во битолскиот регион има излевање на реката Шемница кај село Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.
Во Преспански регион има Излевање на реки во село Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи, а постои опасност од излевање на Голема Река.
Регистрирани се одрони на патниот правец Струмица–Валандово.
Во Скопскиот регион зголемено е нивото на речните корита, но засега без излевања на водотеците од нивните корита, информира ЦУК.
Во Велешкиот регион има одрони и паднато дрво на два патни правци. Реката Вардар е на многу висок водостој со можност за излевање кај автобуската станица.
Во Охридски регион, значително покачени се водостоите на реките; излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.
Во Кумановскиот регион нема излевања во Куманово и Липково; се расчистуваат наноси кај село Коинце.
Во Кратовски регион има зголемени водостоји, но без штети. Исчистен е одрон на патниот правец Страцин–Пробиштип.
Во Тетовскиот регион нема пријавени штети; водостоите се зголемени, но без излевања.
Од УХМР информираат дека денес се очекува променливо облачно време со локални обилни врнежи, можни грмежи и силен јужен ветер над 60 km/h. Температури од 13 до 19 °C; во Скопскиот регион до 17 °C.
Најмногу врнежи се измерени во Претор (66 l/m²), Крушево (37), Битола (30) и Прилеп (26).
Забележан е висок водостој на реката Сатеска во Охридскиот регион, со препорака за зголемено внимание.
Сите надлежни институции се навремено известени од страна на Центарот за управување со кризи за сите овие појави и веќе се преземаат соодветни мерки за санација и заштита на населението и инфраструктурата.
„Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112“, соопштуваат од ЦУК.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати
Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, секоја година за судството се одвојуваат 0,39% од БДП, што е повеќе од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), Албанија (0,29%), Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%).
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, иако државата обезбедува високи примања за судиите и обвинителите, правосудниот систем не испорачува ефикасност и независност. Во соопштението се наведува дека постапките се бавни, предметите нерешени, а одложувањата чести, што, според партијата, создава недоверба кај граѓаните.
Партјата нагласува дека, и покрај тоа што судиите земаат и до три просечни плати, резултатите се минимални, а системот нема ниту квалитет, ниту реформи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека наместо да бараат повисоки плати, судиите треба да покажат резултати што ќе ги оправдаат веќе обезбедените средства.
Во соопштението се додава дека правосудството е зрело за реформи и дека тие мора да се случат.

