Свет
СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус
Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Од нив најмногу напредува клиничкото испитување на вакцината што ја разви британскиот Универзитет „Оксфорд“, соопшти организацијата на ОН на крајот од дводневната конференција за истражувања во врска со коронавирусот.
Од СЗО велат дека остануваат оптимисти дури и ако тековните клинички истражувања не дадат плод.
„Имаме широк спектар со четири различни видови вакцини“, рече Ана Марија Хенао Рестрепо, одговорна за истражувања и развој во Светската здравствена организација.
Повеќе од 150 активни супстанци во моментов се анализираат во потрага по вакцина против вирусот.
Вакцината АЗД1222 од Оксфорд е прва што влезе во третата фаза на клинички испитувања, што значи тестирање во големи размери на голем број луѓе за да се утврди дали вакцината е ефикасна и безбедна или дали предизвикува несакани ефекти.
Пет супстанци се во втората фаза на клиничко истражување каде нивната ефикасност се изучува кај мал број пациенти за да се види дали воопшто имаат некакви ефекти.
Во првата фаза, клиничките истражувања се спроведуваат на здрави лица за да се утврди нивната реакција на супстанцата која се тестира.
Клинички испитувања на вакцини се во тек и во Германија, во компаниите BioNTech во Мајнц и во CureVac во Тибинген.
Не е познато дали вакцината ќе биде достапна до крајот на годината, на што се надева главниот научник на СЗО, Сомја Сваминатан.
Обично се потребни 10 до 15 години за да се развие вакцина, но глобалното ширење на вирусот ги натера научниците и фармацевтските компании да направат невидени напори за пронаоѓање вакцина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

