Македонија
Единствена Македонија се залага за поништување на договорот со Грција и спроведување попис
„Единствена Македонија“ и коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ остварија средби избирачите на оптините Карпош и Центар. Од партијата истакнаа дека нема да отстапат од заветувањето за десетте стратешки определби од платформата, кои се нивниот план и визија за Македонија.
„Сега е најбитно да си ја вратиме државата назад, а потоа лесно се решаваат реалните проблеми на народот“, велат од коалицијата и додаваат дека во Медонија во изминатите 30 години се украдени околу 15 илјади евра.
Во програмата, Единствена Македонија предвидува „ревизија и одземање на украденото во приватизацијата на СДСМ и постприватизацијата на ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт во изминатите 30 години“.
„На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои 30 години се менуваат на власт, а на државата не ѝ оди добро.
Главата горе Македонци, ова е наша држава. Ние одлучуваме. На 15 јули гласајте за Единствена Македонија и коалицијата ‘Никогас северна, само Македонија’ и бројот 11 за да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија со убав економски стандард за живеење, истакна во своето обраќање Билјана Џинго.
Од партијата обвинуваат дека е воведена досега невидена цензура со усвојувањето на уредбата со законска сила со којашто е предвидено на час емитувана програма телевизиите да ги емитуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по 6 минути, а нив само по 10-тина секунди. Од тука, како што велат, принудени се на терен, очи в очи со народот да ги кажат нивните определби.
Партијата се залага за поништување на, како што велат, антимакедонските договори, бараат да се спроведе попис и да се анулира лажниот попис од 2002 година, со кој, како што тврдат, Албанците биле лажно прикажани дека се 25,27 %.
„Ова што го слушате од Заев од Пендаровски, дека договорот со Грција е завршена работа, тоа заборавете го. Тоа е една голема лага, бидејќи договорот е ништовен. Потребно е сега да дојде една храбра, народна влада на власт со желба, со волја, со храброст да го поништи тој договор. Исто така, предвидуваме во нашиот економски пакет 1.066 економски мерки со кои ќе ги решиме економските проблеми на народот“, велат од Единствена Македонија.
Додаваат дека тие би коалицирале со секој кој ќе ги прифати нивните 10 стратешки определби.
„Во нив јасно е кажано поништување на антимакедонските договори со Бугарија, Грција. Македонија национална држава на македонскиот народ, со службен јазик македонскиот и неговото кирилско писмо. Поништување на пописот од 2002 и спроведување реален попис. Ние мора да се преброиме, мора да ја кажеме реална бројка, бидејќи пописот од 2002 беше фалсификуван. Ние како Единствена Македонија уште во 2009 имаме поднесено кривична пријава со докази во ЈО дека тој попис е фалсификуван. Во 2015 или 2016 предметот го префрливме во СЈО , меѓутоа и Катица Јанева молчеше, го стави во фиока така што не мора да ги спроведеме овие стратешки орпеделби и мора најпосле да се направи ревизија изземање на украденото во криминалната приватизација, бидејќи 1990 година се спроведе една криминална приватизација, се подели целото богатство кое 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. За времето на ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2016, во таа постприватизација тие ја украдоа другата половина од Македонија. Тоа се две банди на кои народот мора да им порача да си заминат од политичката сцена“, додаваат од партијата.
Понатаму, велат дека најновите аудиобомби ги потврдуваат дволичноста, лицемерието и егоизмот на лидерите на овие политички партии. Според нив, жално е што новиот Закон за Јавно обвинителство овие аудиобомби ќе ги третира како индиции, а не како докази. Велат, да имавме нормална демократска и правна држава учесниците во овие аудиобомби одамна ќе беа сместени во казнено-поправните установи во РМ. Го повикуваат јавниот обвинител по службена должност, врз основа на индициите да отвори претходна истражна постапка за сторени кривични дела по член 358а и 359 од казнениот Закон од РМ. Тоа е давање и примање награда за противзаконито влијание.
„Во првите 30 дена ќе направиме конфискација на системите за преслушкување кои се во сопственост на политичките партии и бизнисмени и истите ќе добијат кривична одговорност а, секако, граѓаните ќе можат да побараат и материјална сатисфакција од сторителите на овие нелегални дејства. И на крајот, сакаме да напоменеме и да го повикаме техничкиот министер Чулев, којшто веќе пет дена молчи на прозивките од сегашниот актуелен директор на Агенцијата за разузнавање за тоа дека во негово време Агенцијата за разузнавање издавала невистинити податоци на Јавното обвинителство. Срамно и жално е да имате министер кој ќе се крие зад сето ова и кој нема да ѝ одговори на јавноста. Министер Наќе, Вие сте на потег да ѝ објасните на јавноста што се криело за случајот ‘Диво Насеље’ во кој загинаа 8-мина македонски полицајци“, истакна Јове Кекеновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

