Македонија
(Видео) Мисајловски: Македонија ќе ја направиме земја со под 10 проценти невработеност
Одлични проекти и одлични решенија нуди проектот Обнова за Македонија, затоа е добро да разговараме и да ги понудиме на граѓаните, рече потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2, Владо Мисајловски во општина Гази Баба.
„Гледам дека луѓето се охрабрени и сакаат да ни дадат поддршка и јас навистина сум им благодарен за тоа. Ние мора да направиме многу повеќе, мора да ја обновиме Македонија, да ја обновиме инфраструктурата, уметноста, науката, културата, се разбира да ги обновиме и оние нови работи места кои што ние ги ветуваме, односно Македонија да стане место каде што ќе има под 10 проценти невработеност“, порача Мисајловски во своето обраќање.
Истакна дека за наредниот период ВМРО-ДПМНЕ ветува многу странски инвестиции, многу работни места, но за сето тоа стигне, како што кажа, треба граѓаните да ја дадат поддршката и да гласаат на 15 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција
Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска.
Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше избрана во 2021 година.
Македонија
Професори од четири европски држави во посета на Собранието
Во рамките на Еразмус+ проектот „Уметничко патување кон зелена иднина“ (Artistic Journey to Green Future), денес Собранието на Република Северна Македонија го посетија професори од сите нивоа на образование од Хрватска, Турција, Малта и Шпанија.
Посетата беше организирана во соработка со Фондацијата – Меморијален центар „Никола Кљусев“. Од страна на Нена Неновска – Ѓорѓиевска од Фондацијата, пратениците беа запознаени со активностите и целите на проектот, по што следеше дискусија за темите што ги обединуваат образованието, уметноста и заштитата на животната средина.
Гостите имаа можност, покрај организираната обиколка на зградата на Собранието, да се сретнат и да разменат искуства со пратениците Велика Стојкова Серафимовска и Тони Јаревски, членови на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени.
Во отворен разговор, тие дискутираа за состојбите со животната средина, заштитата на водите, почвата и воздухот, како и за третманот на цврстиот отпад и другите предизвици во оваа област. Пратениците ги запознаа гостите и со работата на неформалната „Зелена група“ во Собранието, која се залага за унапредување на еколошките политики и зајакнување на јавната свест за климатските прашања.
Во текот на средбата беа поставени бројни прашања и споделени примери од практиките во различни европски земји, со заедничка порака дека одржливиот развој и заштитата на природата се заедничка одговорност.
Посетата претставува уште еден пример на успешна соработка меѓу образовните институции и Собранието, како и на важноста од интеркултурен дијалог и споделување на искуства во насока на зелена иднина.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Христо Смирненски 13
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул.Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

