Македонија
Лукаревска во Бутел: СДСМ не копа ровови, гради мостови, патишта и врски меѓу луѓето

„Нашиот фокус го насочуваме кон изградба на нови 500 километри водовод и канализација, за што ќе обезбедиме 100 милиони евра за сите општини. Ако не се расфрлаа и трошеа парите на граѓаните како да се туѓи, веројатно Индустриската зона „Визбегово“ во општина Бутел немаше толку да чека на водовод и канализација . Со поддршка на Владата, сега е завршена изградбата на водоводната мрежа во должина од 7,3 километри, а во завршна фаза е изградбата и на канализационата мрежа. Се создаваат подобри услови за работа на постоечките компании, а се поттикнува интересот и кај други домашни и странски инвеститори“, рече носителката на изборна листа во ИЕ 2, Сања Лукаревска.
Социјалдемократскиот сојуз не копа ровови, гради мостови, патишта, ги поврзува луѓето. Ќе изградиме нови 950 километри локални патишта. Инвестициите во инфраструктурата, во патиштата, се инвестиции во подобра поврзаност, инвестиции во развојот, инвестиции во нова, развојна македонска економија. Кога има просперитет, кога има добар живот за сите, нема место за омраза и за национализам. Затоа ќе продолжиме со уште поголемо темпо, сите заедно. Лукаревска најави и изградба на нови 777 станбени единици на социјални станови во 12 општини, меѓу кои и во општина Бутел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).